И оваа година Петтата Приватна Гимназија во Скопје организираше натпревар по англиски јазик за учениците од осмите одделенија.Ние како и минатата  година и оваа година зедовме учество на натпреварот со вкупно осум ученици.Посебно задоволство ни претставува тоа што во конкуренција од околу 400 ученици од цела Македонија,учениците од нашето училиште освоија две втори и три трети места и тоа ученичките Јованка Кузмановска и Кристина Ивановска освоија второ место,додека учениците Магдалена Бојаџиска,Милош Станковски и Цветан Стојановски освоија трето место.Самото доделување на наградите беше организирано во просториите на Петта Приватна Гимназија  каде што на учениците освен што им беа доделени дипломи за освоените награди,исто така им беше и доделена делумна стипендија за запишување на учениците во нивното училиште,што секако дава една убава можност учениците да го продолжат своето образование во една квалитетна воспитно-образовна институција.

 

Предметен наставник

Оливија Жежова