На 23.5.2014 година беше одбележан 50 годишен јубилеј од постоење на нашето училиште. За Денот на училиштето учениците заедно со нивните наставници подготвија пригодна програма, која ја проследија и голем број на гости. Во програмата учество земаа и познати личности, кои свотео основно образование го завршиле токму во нашето училиште. Меѓу нив ќе ги видите и Розета Рајчиќ, Милан Завков, Валентин Костадиновски и Дарко Димитров, сите подеднакво успешни во својата област.