Во рамките на  Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ се одржа работилница Поддршка на учениците со посебни образовни потреби“ во просториите на училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром.

Работилницата се одржа на ден 10.3.2018 година од 9:00 до 14:00 часот. Обучувачи беа наставниците  Мирослава П. Аневска, Тања Крстевска и Кристина Башовска .

Обучувачите, работилницата ја одржаа како резултат на дисеминација на обука Amber Initiatives во Велика Британија од Еразмус+ КА101.

По укажаниот интерес за предложената тема, од нашето училиште за работилницата се пријавија и ја следеа одделенски наставници Александра В.Танчевска, Драгана Кузмановска, Љупка Павловска, Снежана Стефановска и Каролина Наскоска.

Целите на работилниците беа следниве:

  • развивање на способностите на наставниците во препознавање на посебните образовни потреби на учениците со емоционални потешкотии, потешкотии во учењето, комуникацијата и однесувањето;
  • различни видови стратегии, методи и техники кои може да се употребат кај учениците со ПОП особено кај оние со емоционални и учењето, комуникацијата и однесувањето;
  • зголемување на свеста кај наставниците за потребата од партнерски однос со родителите, локалната самоуправа и локалната заедница за овозможување на поуспешна инклузија

На работилницата се презентираше воспитно-образовниот систем во Велика Британија, во чии цели голем приоритет се ставало на подготовката на учениците за самостоен живот. Следеа дискусии околу поимите предрасуди, стереотипи и дискриминација, инклузијата и потребата од неа, вербалната и невербалната комуникација заедно со нивните карактеристики.

Работилница е од особено значење за нас наставниците, обработката на овие теми се од посебно значење и нудат помош за справување со овој вид на ученици кои се сѐ почесто вклучени во редовното образование.