Thursday, October 23, 2014

Кодекс на однесување


КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ОУ ,,ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ,, – СКОПЈЕ


КОДЕКС ЗА УЧЕНИЦИТЕ

  • Ученикот е должен навреме и редовно да доаѓа на настава;
  • Ученикот е должен да се грижи за училишниот простор и имот;
  • Ученикот е должен да се грижи  за хигиената во  училиштето и блиската околина;
  • Во училиштето ученикот треба да биде совесен, одговорен, со должно почитување кон сите;
  • Во училиштето учениците треба да доаѓаат уредни.
  • На часовите ученикот треба внимателно да слуша и навреме и целосно да ги извршува училишните обврски;
  • Да се труди да ги извршува  училишните обврски;
  • Да придонесе за одржување на работната атмосфера;
  • Ученикот е должен редовно да носи училиштен прибор, учебници и тетратки;
  • Да  соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во  училиштето;
  • Да покаже почитување и толеранција  кон другарите и наставниците;
  • Да помага на помалку успешните ученици;
  • Ученикот не смее  самоволно и без вистинска причина да го напушти  часот;
  • Ученици, избегнувајте  недолично однесување;
  • Учениците не смеат да користат мобилни телефони за врема на часовите;
  • Учениците не треба да носат вредни предмети и повеќе пари во училиште, а доколку им се загубат одговорноста е нивна;
  • На часовите не е дозволено да се џвакаат мастики, како и истите да се лепат на клупите и столчињата;
  • Отпоздрави го наставникот кога ќе влезе во училница;
  • За време на часот не  излегувај  во тоалет;
  • Престојувај во училишниот двор за време на големиот одмор;
  • Не викај по ходниците, не трчај, придржувај се кон правилата на однесување;
  • Не приговарај на опомените на дежурните наставници и ученици;
  • Ако во дворот видиш отпад фрли го во корпа за отпадоци;
  • Штом го слушнеш ѕвончето веднаш влези во училницата;
  • Не ги навредувај и не се однесувај насилно кон помалите и послабите ученици;
  • Пристојно и трпеливо чекај пред училница пред започнувањето на часот;
  • Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на учениците и вработените во училиштето;
  • Дежурството го изведуваат тројца ученици, на двата влеза по еден и во третиот ходник;
  • Дежурниот ученик од средниот ходник за време на големиот одмор дежура пред наставничката канцеларија и не дозволува во неа да влегуваат ученици и родители, туку самиот ги повикува наставниците;
  • Останатите дежурни за време на големиот одмор се на своите работни места;
  • Дежурниот ученик се оддалечува од работните места само ако добијат задача од наставник, стручната служба или директорот;
  • Дежурниот ученик не смее да собира други ученици на местата за дежурање, ниту пак самите дежурни да се групираат заради дружење;
  • Дежурниот ученик мора да отиде на час доколку прави писмена работа, тест или треба да одговара по некој предмет, но претходно да се јави кај обезбедувањето;
  • Доколку насети опасност или поголемо нарушување на дисциплината во ходниците, дежурниот ученик мора веднаш да го информира било кој вработен во училиштето што му е најблиску или обезбедувањето;
  • Дежурниот ученик повремено  да се движи низ ходниците и да врши проверка;
  • Да го следи и евидентира влегувањето и излегувањето на лица кои не се вработени   во училиштето;
  • Да ги евидентира учениците кои постојано се движат низ училиштето за време на   часовите;
  • Да се грижи за редот и дисциплината за врем на часовите и одморите;
  • Дежурниот ученик ги  отклучува и заклучува вратите и не прави отстапки за никого, а во тоа му помага обезбедувањето;
  • Дежурството на учениците започнува во 8,00 часот, а завршува во 13,30 часот;
  • Кога наставникот зборува не го прекинувај;
  • Обраќај им се со ВИЕ на возрасните;
  • Користи молам, благодарам, повели, извини во секојдневната комуникација;
  • Поздравувај со добро утро, добар ден и до видување;
  • Не користи вулгарни зборови кога комуницираш;
  • Почитувај ги правилата кои сте ги договориле со наставникот;
  • Не носи предмети со кои би можеле да повредите други ученици;
  • Покажи толеранција кон соучениците во комуникацијата;
  • Искажи го секое незадоволство со одбрани и пристојни зборови;
  • Биди самокритичен па потоа критикувај;
  • Чувај ги своите предметии не посегнувај по туѓите;
  • Не ги потценувај способностите на своите соученици;
  • Повозрасните ученици да се однесуваат коректно кон помалите;
  • Сослушај го внимателно и почитувај го мислењето на другиот;
  • Почитувај ги различните од тебе;
  • Истакни ги позитивните особини кај себе  со постапки, а не со зборови;
  • Ако не се однесусваат добро со тебе, БИДИ ПРВ кој тоа ќе го промени и однесувај се ти на вистински начин – ПРИСТОЈНО;
  • Учтивоста е особина која ја краси твојата личност, затоа однесувај се учтиво во секоја прилика;
  • Со своето примерно однесување ќе покажи почит и кон своите родители;
  • Биди искрен со своите родители, дури и да згрешиш, тие ќе имаат разбирање за твоите постапки;
  • Редовно информирај ги родителите за случувањата во училиштето;
  • Ученикот задолжително треба на родителот да му ги пренесува информациите по барање на наставникот;

КОДЕКС ЗА РОДИТЕЛИТE

  • Почитувај го куќниот ред на училиштето;
  • Редовно информирајте се за постигнатиот успех и поведение на вашето дете;
  • Редовно исполнувајте ги обврските што ги имате кон училиштето (матерјиални обврски,оправдување на отсуства од часовите на учениците,консултации со наставниците и сл);
  • Задолжително присуствувајте на родителските средби во училиштето;
  • Имајте на ум дека Вашите постапки се пример за однесување на Вашето дете;
  • Училиштето е воспитно-образовна  институција во која се влегува со пристојна облека;

КОДЕКС ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

  • Наставникот треба да се грижи за целиот училиштен простор и имот, посебно за кабинетот во кој држи настава;
  • Наставникот треба секогаш да се залага за афирмација на својот предмет;
  • Наставникот треба да го почитува времетраењето на часот;
  • Наставникот да ги евидентира отсутните ученици на почеток на часот и тоа да го прави редовно;
  • Наставикот секогаш и секаде внимава на својот говор, тој треба да е литературен, јасен и достапен;
  • Наставникот треба секогаш да е пример со својот изглед и своето однесување;
  • Наставникот не смее да се изложува во јавноста под дејство на алкохол и дрога;
  • Секој наставник треба професионално да се усовршува преку следење на литература, посета на семинари, курсеви и користење на современа технологија;
  • Наставникот е должен да ја почитува личноста на секој ученик;
  • Наставникот е должен професионално да се однесува за време на часот;
  • Наставникот е должен реално да го оценува знаењето на ученикот без оглед на другите негови оценки;
  • Наставникот треба да го пофалува секој напредок на ученикот;
  • Наставникот треба да настојува ученикот навреме и квалитетно да ги извршува своите задачи;
  • Наставникот не смее да го казнува ученикот телесно и да го малтретира психички;
  • Наставникот е должен редовно да им помага на учениците, преку разни форми на активност;
  • Секој наставник треба да настојува  учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат во училиштето и надвор од него;
  • Наставникот треба редовно и навреме да го повикува и известува родителот за постигнувањата, однесувањето и проблемите на неговото дете;
  • Наставникот треба да го упатува родителот на помош од компетентни лица, во ситуации кога за тоа има потреба;
  • Наставникот треба да го почитува секој свој колега, да соработува, разменува мислења и искуства врзани за работата;
  • Наставникот треба да се ангажира во работата на стручниот актив на кој припаѓа;
  • Наставникот треба редовно да присуствува во работата на одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето;
  • Наставникот е должен да ги почитува одлуките од одделенскиот и наставничкиот совет;
  • Наставникот треба да е креатор на пријатна работна атмосфера и позитивна емоционална клима во   својата училница;
  • Наставникот треба да гради односи на меѓусебно разбирање, соработка, почитување со учениците и другите вработени;

КОДЕКС НА ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

  • Останатите вработени во училиштето треба да ги извршуваат работните задачи што се во нивниот делокруг, а се во согласност со Законот за ОО;
  • Да го почитуваат куќниот ред во училиштето;
  • Техничкиот персонал редовно и навреме да ги чистат училниците, ходниците и другите простории за општествена и педагошка дејност;
  • Техничкиот персонал да соработува со наставниците , стручните соработници и директорот и да се однесуваат во склад со потребите на наставата;
  • Стручните соработници и директорот го почитуваат кодексот за наставниците;
  • Вработениот треба да доаѓа навреме на работното место;
  • Вработениот треба совесно и самостојно да ја извршува својата работа;
  • При работата Вработениот не треба да дискриминира друг вработен или ученик по вера, раса, возраст, пол или економски статус ниту пак да влегува во било каков вид на комфликт;
  • Вработениот треба да го почитува секој ученик и вработен;
  • Вработениот треба да остварува коректна комуникација со останатите вработени без вербални напади или навреди;
  • Вработениот го почитува времетраењето на паузата и не ја користи надвор од предвидениот временски рок;
  • Вработениот треба да се воздржува од непотребно влегување на часовите освен во сличаи кога тоа го налага работната обврска предвидена за тој ден;
  • Вработениот треба да остварува коректна комуникација и треба да биде на располагање на родителите и учениците во текот на целото работно време или во термините за прием одредени од самиот вработен;
  • Вработениот со својот лик, однесување, говор и култура треба да биде пример за учениците и вработените во училиштето;

Од тимот за изработка на кодекс на училиштето:

  • Јулијана Тодоровска  – предметен настaвник
  • Марија Чукиќ – предметен наставник
  • Даница Атанасовска – одделенски наставник
  • Светлана Анѓеловска – наставник по англиски јазик
  • Татјана Алексова-Славковска – психолог
  • Зорица Кацеска – педагог