Во наставата по германски јазик редовно се употребува компјутерската техника. На голем дел од часовите, кои се одржуваат во кабинетите опремени со компјтери, се работат вежби подготвени од наставникот, а исто така учениците имаат можност да работат во онлајн работна тетратка од Hueber Verlag – Ping pong 1 und 2 соодветна на нивните учебници.
Таму има различни вежби кои на крајот за секој ученик процентуално ја изразуваат подготвеноста на ученикот. Старите методи на работа и оценувања не се носат со времето, па затоа се стремиме кон модернизација на секое поле, се со цел на учениците да им дадеме соодветна интересна настава и подлога за понатамошно адекватно образование.