Според годишното планирање за III одделение по наставниот предмет општество на 20.3.2018 година (вторник) учениците од 3а, 3б и 3в одд. од нашето училиште  ООУ„Димитар Македонски“ -Скопје ја посетија Општината Аеродром.

Целта на посетата беше учениците одблиску да се запознаат со работата и надлежноста на Општината.

Учениците го посетија кабинетот на градоначалникот и секторот за образование. Учениците со голем интерес го следеа објаснувањето и учествуваа во дискусии поврзани со работата на Општината, поставуваа прашања до градоначалникот на Општината и вработените.

Одделенски наставници: 

Драгана Кузмановска, Зорана Бочварова, Александра В.Танчевска, Марија Ангелеска, Бранкица Костадиноска