Почитувани родители,
ООУ „Димитар Македонски“, општина Аеродром, Скопје, покрај редовното далечинско учење што го изведуваат сите одделенски и предметни наставници во училиштето, организира помош и поддршка и од страна на стручните соработници (психолог, педагог и дефектолог).
Согласно со условите за работа, истата ќе се реализира исто така преку средствата за електронска комуникација, во форма на прашања-одговори, советодавна стручна и консултативна работа која се однесува на поддршка во учењето и емоционала поддршка, а истата ќе се одвива преку нашите службени е-маил адреси во периодот од 10 до 15 часот.
Покрај тоа, се отвара можност за дискусија на тема… како и можност да проследите текстови со стручна содржина, а се во функција на отежнатото живеење и нарушувања на нашите животни навики, како и за надминување на стресот, стравовите, вознемиреноста и сл.
Она што е најзначајно сега е зачувување на нашето физичко и ментално здравје, па затоа, ајде, заеднички да ја оствариме целта.
Е-маил адреси:
- psiholog@oudimitarmakedonski.edu.mk
- pedagog@oudimitarmakedonski.edu.mk
- defektolog@oudimitarmakedonski.edu.mk