Врз основа на член 60, 61, 62 и 63 од Законот за основно образование (сл.весник на РСМ, бр.161 од 5.8.2019) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образаование(сл.весник на РСМ, бр. 116 од 5.5.2020), Директорот на ООУ „Димитар Македонски“ општина Аеродром, Скопје, ја донесе следната одлука за распишување на

О Г Л А С

За запишување на ученици во прво одделение за учебната 2020/21 год.

  1. Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец јуни.
  2. Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
  3. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
  4. При запишувањето во прво одделение родителот треба да достави;
  • извод од матична книга на родените,
  • потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа,
  • потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа,

         Директор

Јулијана Тодоровска