ООУ „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ“, Општина Аеродром– Скопје
- Кодексот на задолжителните, морални и професионални норми ги одредува правилата на нашето училиште што се однесуваат на наставниците, учениците, стручните служби, персоналот и родителите.
- Сите субјекти наведени во претходната точка мора да го почитуваат куќниот ред во училиштето.
Куќен ред
- Службениот влез е главниот влез на училиштето (од северната страна);
- Редарите и дежурните наставници ќе ги прифаќаат учениците и ќе го почитуваат донесениот протокол на училиштето;
- Влезот број 1 го користат и учениците од 4,8 и 9-то одделение;
- Влезот број 2 (влезот од кај паркингот на училиштето) го користат учениците од прво до трето одделение(продолжен престој). Истиот ќе биде отворен за време на одморите, заклучен за време на часовите;
- Влезот број 3 (влезот од кај спортската сала на училиштето) го користат учениците од 5,6 и 7-мо одделение;
- Учениците ги упатуваат до училниците редарите и дежурните наставници;
- Учениците кои имаат потреба од тоалет одат со дозвола на наставникот;
- Учениците што ќе следат настава престојуваат во училницата во текот на целиот период на наставата и малите одмори;
- Учениците треба да водат грижа сами за приборот за работа и да го користат исклучиво сопствениот;
- Учениците од 4-9то одделение носат ужинка – храна, вода од дома;
- Учениците треба да ги: мијат и дезинфицираат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани;
- Учениците оброкот го консумираат во истата училницата каде се реализира настава (ако временските услови дозволуваат задолжително излегуваат во училишниот двор според протоколите);
- Учениците да ги почитуваат означените места за седење, да почитуваат дистанца од 1,5 м и да не се групираат;
- Учениците и вработените задолжително носат заштитни маски;
- Доколку ученикот остане без своја заштитна маска, веднаш се обраќа до наставникот;
- Искористената маска за еднократна употреба, хартиено марамче или ракавици ученикот ги фрла во кантите за таа намена;
- Ученикот не ја симнува заштитната маска од лицето во просториите на училиштето, освен за време на ужината;
- Доколку наставата се реализира на отворено, ученикот не треба да носи заштитна маска, но има обврска да одржува физичко растојание од 1,5 м од другите ученици;
- Ученикот не може да го напушти часот без дозвола на наставникот кој ја организира наставата;
- Доколку ученикот развие симптоми на Ковид 19, наставникот е должен да го почитува „Алгоритмот“ на училиштето;
- Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето;
- Во училиштето строго се забранува влез на надворешни лица;
- За време на големиот одмор училниците и кабинетите треба да бидат заклучени;
- Одговорни за училишниот инвентар се дежурните ученици, одделенските заедници и одделенските и предметните наставници;
- Одговорни за фискултурната сала, соблекувалните и просторот пред салата се дежурните ученици и наставниците по физичко и здравствено образование;
- Движењето во ходниците треба да биде безбедно, без трчање, скокање и туркање;
- Пред училниците да не се седи на подот, тоа дава лоша слика;
- Учениците треба своите лични работи да ги оставаат во училница или да ги носат со себе и тие се одговорни за истите;
- Секоја намерно направена штета се наплатува;
- Строго е забрането шкртање по ѕидовите и инвентарот, во било кој дел од училиштето;
- Никој од субјектите во училиштето несмее да го уништува имотот во училиштето, да внесува лица од надвор без причина и да внесува супстанции (дрога, алкохол, запаливи средства и други предмети) со кои би го загрозил здравјето и безбедноста на учениците и вработените;
- Забрането е пушење во училиштето и училишниот двор;
- Дежурните наставници редовно го извршуваат дежурството, според распоредот даден од стручната служба и директорот;
- За време на наставата во училиштето присутно е лице од обезбедување;
- За замена на часови, наставникот треба навреме да го извести директорот и стручните соработници;
- Секој вработен е должен за своето отсуство навреме да го извести директорот;
- Промена на дневниот распоред на часови поради отсуство на наставник, прават стручните соработници;
- Претседателот на паралелката е должен да се информира кај стручните соработници за замена на часови;
- Комуникацијата со родителите ќе се одвива само со средствата за електронска комуникација и телефон;
- Вработените, учениците и родителите треба во училиштето да доаѓаат пристојно облечени.