ООУ   „ДИМИТАР  МАКЕДОНСКИ“, Општина Аеродром– Скопје

  • Кодексот на задолжителните, морални и професионални норми ги одредува правилата на нашето училиште што се однесуваат на наставниците, учениците, стручните служби, персоналот и родителите.
  • Сите субјекти наведени во претходната точка мора да го почитуваат куќниот ред во училиштето.

Куќен ред

 

  • Службениот влез е главниот влез на училиштето (од северната страна);
  • Редарите и дежурните наставници ќе ги прифаќаат учениците и ќе го почитуваат донесениот протокол на училиштето; 
  • Влезот број 1 го користат и учениците од 4,8 и 9-то одделение; 
  • Влезот број 2 (влезот  од  кај паркингот  на училиштето) го користат учениците од прво до трето одделение(продолжен престој). Истиот ќе биде отворен за време на одморите, заклучен за време на часовите; 
  • Влезот број 3 (влезот  од  кај спортската сала  на училиштето) го користат учениците од 5,6 и 7-мо одделение;
  • Учениците ги упатуваат до училниците редарите и дежурните наставници;
  • Учениците кои имаат потреба од тоалет одат со дозвола на наставникот;
  • Учениците што ќе следат настава престојуваат во училницата во текот на целиот период на наставата и малите одмори;
  • Учениците треба да водат грижа сами за приборот за работа и да го користат исклучиво сопствениот;
  • Учениците од 4-9то одделение носат ужинка – храна, вода од дома;
  • Учениците треба да ги: мијат и дезинфицираат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани;
  • Учениците оброкот го консумираат во истата училницата  каде се реализира настава (ако временските услови дозволуваат задолжително излегуваат во училишниот двор според протоколите);
  • Учениците да ги почитуваат означените места за седење, да почитуваат дистанца од 1,5 м и да не се групираат;
  • Учениците и вработените задолжително носат заштитни маски;
  • Доколку ученикот остане без своја заштитна маска, веднаш се обраќа до наставникот;
  • Искористената маска за еднократна употреба, хартиено марамче или ракавици ученикот ги фрла во кантите за таа намена;
  • Ученикот не ја симнува заштитната маска од лицето во просториите на училиштето, освен за време на ужината;
  • Доколку наставата се реализира на отворено, ученикот не треба да носи заштитна маска, но има обврска да одржува физичко растојание од 1,5 м од  другите ученици;
  • Ученикот не може да го напушти часот без дозвола на наставникот кој ја организира наставата;
  • Доколку ученикот развие симптоми на Ковид 19, наставникот  е должен да го почитува „Алгоритмот“ на училиштето;
  • Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето;
  • Во училиштето строго се забранува влез на надворешни лица;
  • За време на големиот одмор училниците и кабинетите треба да бидат заклучени; 
  • Одговорни за училишниот инвентар се дежурните ученици, одделенските заедници и одделенските и предметните наставници; 
  • Одговорни за фискултурната сала, соблекувалните и просторот пред салата се дежурните ученици и наставниците по физичко и здравствено образование; 
  • Движењето во ходниците треба да биде безбедно, без трчање, скокање и туркање; 
  • Пред училниците да не се седи на подот, тоа дава лоша слика; 
  • Учениците треба своите лични работи да ги оставаат во училница или да ги носат со себе и тие се одговорни за истите; 
  • Секоја намерно направена штета се наплатува; 
  • Строго е забрането шкртање по ѕидовите и инвентарот, во било кој дел од училиштето; 
  • Никој од субјектите во училиштето несмее да го уништува имотот во училиштето, да внесува лица од надвор без причина и да внесува супстанции (дрога, алкохол, запаливи средства и други предмети) со кои би го загрозил здравјето и безбедноста на учениците и вработените; 
  • Забрането е пушење во училиштето и училишниот двор; 
  • Дежурните наставници редовно го извршуваат дежурството, според распоредот даден од стручната служба и директорот; 
  • За време на наставата во училиштето присутно е лице од обезбедување; 
  • За замена на часови, наставникот треба навреме да го извести директорот и стручните соработници; 
  • Секој вработен е должен за своето отсуство навреме да го извести директорот; 
  • Промена на дневниот распоред на часови поради отсуство на наставник, прават стручните соработници; 
  • Претседателот на паралелката е должен да се информира кај стручните соработници за замена на часови; 
  • Комуникацијата со родителите ќе се одвива само со средствата за електронска комуникација и телефон; 
  • Вработените, учениците и родителите треба во училиштето да доаѓаат пристојно облечени.