Кодекс на однесување на учениците, наставниците, родителите и другите вработени во ООУ „Димитар Македонски“

Кодекс за однесување на учениците

1. Основни норми и нaчелa

 Ученикот како субјект во воспитно-образованиот процес треба да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и општеството, да ги знае своите права и одговорности. Секој ученик треба да биде ценет како личност без оглед на својата способност, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповест и социјална положба. На учениците треба да им се овозможи да постигнат успех во рамките на наставниот план и програма. Воспитно-образовниот процес треба да го промовира моралниот, менталниот и физичкиот развој на учениците во училиштето.

Учениците се должни да ги почитуваат основните принципи на мерките и активностите за превенција и заштита од насилство.

      1. Ликот нa ученикот

 Ученикот треба:

      • навреме и редовно да доаѓа на настава како и да ги извршува сите обврски утврдени со годишната програма на училиштето,
      • постојано да се ангажира во постигнување на резултати во наставата и воннаставнатите активности, со коректност, одговорност, објективност и доследност во однесувањето;
      • да ги самооценува сопствените постигања споредувајќи се сам со себе, а не со другите;
      • да ги почитува законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко;
      • секогаш и секаде да внимава на својот јазик кој треба да е литературен, јасен и достоинствен;
      • секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики;
      • да внимава на својот морален лик;
      • да се изградува како зрела личност, како би имал углед во училишната заедница и пошироко, преферирајќи особини како што се: другарство, разбирање, комуникација, толерантност, хуманост, одговорност;
      • да слуша активно и соодветно да реагира, покажувајќи емпатија и разбирање за другите и да ги искажува сопствените грижи и потреби на конструктивен начин
      • да ги почитува разликите меѓу луѓето по било која основа и да има правичен и толерантен oднос
      • да препознава присуство на стереотипи и предрасуди кај себе и кај другите и да се спротивставува на дискриминација
      • да ја почитува личноста на другите ученици, наставници и вработени во училиштето,
      • да внимава на зборовите и речникот со кои се обраќа на другите, односно да го одбегнува недоличниот стил на комуницирање, да не користи непристоен и навредлив говор како во директна комуникација така и на сите социјални мрежи и електронски уреди,
      • да има одговорен однос кон инвентарот, другите средства во училиштето и надвор од него,
      • отпадокот да го остави во соодветна корпа за отпадоци,
      • да не се задржува по ходниците на училиштето и не влегува во други училници,
      • да е одговорен за зачувување на природната средина во непосредното опкружување и пошироко, да развива еколошка свест и да делува во насока на заштита и одржливост на животната средина;
      • да развиваа позитивни карактеристики како што е учтивост, чесност, самокритичност, искреност;
      • да верува во своите способности и да си поставува високи барања;
      • треба да се стремат да бидат: истражувачи, мислители, принципиелни, грижливи, балансирани, жедни за знаење, комуникативни, отворени, превземаат ризици, рефлективни;
      • со личен пример и со почитување на прописите во училиштето и надвор од него да се бори против причинителите на болести на зависности и други негативни појави
      • дрога, алкохол, пушење, криминал);
      • да пријави секаков вид на насилство или сомнеж за насилство како врз себе така и за друг ученик;
      • да препознава манифестација на вербално и физичко насилство во сопственото опкружување, да ги согледува последиците од насилството и да се спротивставува на него;
      • целосно да го почитува упатството од МОН и Интерниот протокол за пријавување и заштита од било кој форма на насилство, злоупотреба и занемарување.

Ученикот не треба:

      • да приговара на опомените од дежурните наставници;
      • да пројавува агресивност, нетрпеливост, желба за доминација;
      • да носи вредни предмети и многу пари во училиштето, а доколку ги загуби сам ја сноси одговорноста за тоа;
      • да носи во училиште предмети,оружје или петарди со кои може да предизвика повреда на други ученици, наставници или вработени;
      • да прави дискриминација врз основа на разликите меѓу луѓето;
      • да прави социјална ексклузија, одвојување на ученик или недружење, игнорирање и неприфаќање врз основа на било каква различност;
      • да прикрива насилство како врз себе така и врз друг ученик;
      • да предизвикува, иницира и учествува во конфликтни ситуации,
      • да поттикнува и поддржува други ученици на неприфатливо однесување и на говор на омраза;
      • да консумира, алкохол, цигари или други супстанции на зависност во училиштето или училишниот двор;
      1. Ученикот и учењето

Во процесот на своето образование и воспитание ученикот треба да научи:

      • да ја развивива својата способност на учење;
      • да стекнува вештина за лична ефикасност, планирање и организација на времето;
      • во учењето да прифаќа примена на нови наставни технологии и да ги користи
      • наставните средства и помагала што му стојат на располагање.
      1. Односот на учениците кон наставникот

Ученикот:

      • не треба да го прекинува наставникот во текот на предавањето со прашања кои не се во котекст на наставната содржина;
      • не треба да му возвраќа на наставникот ниту да се расправа со него,своето незадоволство треба да го искаже со одбрани и пристојни зборови;
      • треба да ги почитува правилата и критериумите кои ги поставил наставник;
      1. Oдносот на учениците кон родителите

Ученикот:

      • треба навремено и објективно ги информира родителите за својата работа и однесување во училиштето и надвор од него;
      • треба да ги почитува аргументите на родителот;
      • бара соработка и ангажирање на родителите за решавање на проблеми на основа на меѓусебна доверба и разбирање;
      • треба да придонесува и ја поттикнува комуникацијата и соработката на родителите со училиштето;
      1.  Секој ученик се обврзува да го почитува и спроведува овој кодекс.училиштето.

Кодекс за однесување на наставниците

КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Изборот на професијата наставник обврзува да се почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето, како и професионално, совесно и одговорно извршување на воспитно образовната дејност. Чување на честа и благородноста на професијата просветен работник е од особена важност. Дискриминација заснована на пол, раса, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотна и општествена положба – не е дозволена.

      1. Наставникот и професијата

 Наставникот треба:

      • да има современ и етички пристап кон работата;
      • постојано да работи на унапредување на квалитетот на планирање и реализирање на наставата;
      • секогаш и секаде да внимава на јазикот на изразување кој треба да биде литературен и достоинствен;
      • да има смирен тон кога говори или комуницира;
      • да има соодветен изглед и однесување, прикладна и уредна облека, како и да гради култура и естетски навики кај учениците;
      • да внимава на својот морален лик;
      • да има одговорен однос кон средствата и условите во кои работи;
      • да го чува интегритетот на својата личност т.е. да не ја злоупотребува образовната дејност за лична корист;
      • да биде доверлива личност;
      • постојано да работи на своето стручно усовршување;
      • да иницира и да се ангажира во развојни проучувања и проекти во училиштето и надвор oд него;
      • да пријави секаков вид на насилство или сомнеж за насилство како од ученик кон ученик, родител/старател кон ученик, вработен или друг возрасен кон ученик, кај одговорното контакт лице за пријавување насилство
      • должни се веднаш да прекинат секаков вид насилство кое се сучува во училиште и да пријават доколку забележале видливи знаци на насилство врз ученик
      • вработениот кој го прекинал насилството задолжително го информира и вклучува контакт лицето
      • Раководителот на паралелка е должен да го претстави упатството од МОН и Интерниот протокол за пријавување и заштита од било која форма на насилство, злоупотреба и занемарување, на часот на одделенска заедница веднаш по почетокот на учебната година, на начин приспособен на возраста на учениците
      • целосно да го почитува упатството од МОН и Интерниот протокол за пријавување и заштита од било која форма на насилство, злоупотреба и занемарување.
      1. Наставникот и часот

Наставникот треба:

      • навреме да го започне часот, редовно да го евидентира часот и отсутните ученици;
      • да обезбеди непрекинатост на часот со посети или разговори со други лица;
      • да обезбеди позитивна работна атмосфера и ангажираност на сите ученици;
      • часот да го изведува според современа наставна технологија;

3. Наставникот и ученикот

 Наставникот треба:

      • да ја почитува личноста на секој ученик;
      • професионално, чесно, непристрасно, објективно и праведно да се однесува кон секој ученик;
      • да не дозволи недолична комуникација и однесување со учениците;
      • да не ги навредува или омаловажува учениците;
      • никогаш да не пројави агресивност, нетолерантност, желба за доминација, апатичност и незаинтересираност.
      • да внимава со своите искази да не ги повреди учениците со пониски социјално економски услови на живеење;
      • да покаже дека верува во способноста за учење на секој ученик;
      • да овозможи сите ученици да научат, користејќи соодветен пристап кон секој ученик;
      • да не дозволи догматски пристап кон наставните содржини и да ја поттикнува критичноста на ученикот;
      • постојано и реално да го оценува знаењето на учениците според истакнати критериуми за оценување и редовно да ги информира за нивните постигнувања;
      • редовно да им помага на учениците кои заостануваат во совладување на наставните содржини;
      • да го сослуша секој ученик, кој ќе му се обрати за помош;
      • да настојува учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат во училиштето и надвор од него;
      • да не дозволи искажување на своите политички уверувања и определби пред учениците;
      • постојано да гради однос на заемно разбирање и почитување.
      1. Наставникот или стручниот соработник и родителите

Наставникот или стручниот соработник треба:

      • да биде во редовна комуникација со родителите при што навреме и објективно ќе ги информира;
      • да ги почитува аргументите на родителите;
      • да се грижи соработката со родителите да биде непосредна и ефикасна;
      • да го поттикнува интересот и ангажманот на родителите за решавање на проблемите со учениците;
      • да води сметка за потполна дискреција околу состојбите поврзани со лични и семејни проблеми на родителите;
      1. Меѓусебен однос на вработените

 За ефикасно спроведување на воспитно-образовниот процес, како и во интерес на угледот на училиштето, од особена важност е грижата на сите вработени за училишниот простор и имот, како и градење на позитивни и професионално коректни односи меѓу вработените, при што:

      • секој треба да ги почитува своите колеги врз основа на искреност и отвореност, со што се обезбедува услов за конструктивна работа и креативност;
      • меѓусебната соработка се темели врз размена на искуства, взаемно договарање и ефикасно извршување на договорените задачи;
      • во личен разговор или на стручен состанок добронамерно ги искажува забелешките во работата на другите колеги;
      • ги почитува и спроведува ставовите и одлуките на мнозинството, изградени врз слободна и јавна расправа;
      • солидарен е со колегите кога станува збор за решавање на социјални и здравствени проблеми;
      • им помага на помладите колеги пренесувајќи го своето стручно знаење и искуство.

Кодекс за однесување на родителите

 КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ

Кодексот на однесување на родителите претставува збир на позначајни начела и принципи кон кои треба да се придржуваат и истовремено да ги почитуваат родителите чии деца се ученици на ООУ ,,Димитар Македонски,“- Скопје. Примената на Кодексот на однесување на родители е со цел да се даде позитивен пример на децата – ученици.

      1. Основни начела и принципи
      • Да ги почитуваат куќниот ред и законските одредби на училиштето.
      • Да ја почитуваат хиерархијата во училиштето.
      • Со своето однесување да даваат позитивен пример на своите деца – ученици.
      • При посетите во училиштето да го почитуваат кодексот за пристојно облекување.
      1. Соработка на родителите со наставниците
      • Да соработуваат и активно да учествуваат во решавањето на проблемите со учениците во паралелката.
      • Да го подржуваат учењето на своите деца – ученици преку залагање за фер оценување.
      • Да се воздржат од активности кои неоправдано би го довеле нивното дете – ученик во повластена положба при оценувањето во однос на другите ученици.
      • Да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците поврзани со нивните деца.
      • Да го почитуваат работното време на наставниците.
      • Да го почитуваат почетокот и крајот на часот и да не влегуваат на час.
      • Пристојно и со почит да се однесуваат кон наставниците и да негуваат коректен однос со нив.
      • Средбите со наставниците да ги реализираат во рамките на приемните и отворените денови, а во целодневна настава во договор со наставниците.
      • Да не се злоупотребуваат пријателските и роднински врски при процесот на однесување и во целокупниот наставен процес.
      • Редовно и навремено да одговараат на повикот на наставниците или стручната служба на училиштето.
      • Да иницираат и по сопствена иницијатива да предлагаат мерки за унапредување на воспитно – образовниот процес во училиштето.
      • Навремено да го најавуваат и оправдуваат отсуството на своите деца – ученици.
      • Да не ја злоупотребуваат соработката со наставниците за подобар успех на своето дете – ученик.
      • Ако се во можност да помагаат финансиски или со материјални средства за подобрување на образовниот процес, но да не очекуваат повластена положба на нивните деца – ученици при оценувањето.
      • Кај своите деца – ученици да ги препознаваат и попречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добиваат поповолни од објективно утврдените.
      • Не смеат да се обраќаат директно на други деца со совети, прекори , укажувања и слично туку преку наставник.
      • Родителите/старателите не смеат да се вклучуваат во детски расправии .
      • Секој родител/старател треба да пријави секаков вид на насилство врз своето дете или доколку е сведок и за насилство врз друг ученик
      • Родителите/старателите треба да бидат соработливи и да работат заедно со училиштето во најдобар интерес на ученикот
      • Родителите/старателите треба да ги почитуваат сите протоколи на училиштето
      1. Родителски средби
      • Редовно и задолжително присуство на родителските средби.
      • Почитување на времето и дневниот ред на родителските средби.
      • Земање на активно учество во дискусиите со конструктивни мислења и предлози, како и почитување и уважување на мислењата на останатите родители.
      • Почитување и примена на одлуките донесени на Советот на родители.
      1. Останато
      • Навремено подмирување на финансиските обврски кон училиштето исхрана, списанија, екскурзии, обезбедување и др.).
      • Земање на активно учество и вклучување во хуманитарните и добротворни акции спроведени од страна на училиштето според своите можности, ресурси, убедување и слично.
      • Вклучување во училишните активности и работилници.
      • При застанување или паркирање на своето возило да не ги попречуваат – блокираат влезовите на училиштето и пешачкиот премин.
      • Воздржување од коментари позитивни и негативни) пред детето – ученикот за наставникот и останатите служби во училиштето педагог, психолог, дефектолог и директор).

Кодекс за однесување на другите вработени

 КОДЕКС НА ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

      • Да го почитуваат куќниот ред на училиштето;
      • Техничкиот персонал да соработува со наставниците, стручните соработници и директорот и да се однесуваат во склад со потребите на наставата;
      • Стручните соработници и директорот го почитуваат кодексот за наставниците;
      • Вработениот треба да доаѓа навреме на работното место;
      • Вработениот треба совесно и самостојно да ја извршува својата работа;
      • При работата вработениот не треба да дискриминира друг вработен или ученик по вера, раса, возраст, пол или економски статус, ниту пак да влегува во било каков вид на конфликт;
      • Вработениот треба да го почитува секој ученик и вработен;
      • Вработениот треба да остварува коректна комуникација со останатите вработени без вербални напади или навреди;
      • Вработениот го почитува времетраењето на паузата;
      • Вработениот со својот лик, однесување, говор и култура треба да биде пример за учениците и вработените во училиштето.