ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ОУ „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ“ УЧЕА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Учениците од четврто одделение од ОУ „Димитар Македонски“ денеска, 23.4.2010 година, ја посетија Општина Аеродром и се сретнаа со градоначалникот Ивица Коневски, во рамки на наставниот план и програма за учениците од четврто одделение, каде што се учи за улогата на општината во која живеат младите, како и за активностите и задачите кои ги има општинската администрација.