На ликовниот натпревар на тема „Полова еднаковост 2010“ наградени се 3 ученички од ОУ „Димитар Македонски“
Кристина Павлевска од 7-в одделение и Габриела Кирова од 8-4 одделение и Бојана Димишковска од 6-б ученички од ОУ „Димитар Македонски“, се добитнички на награди на светско ниво за најуспешни ликовни творби на ликовниот натпревар на тема „Полова еднаквост”.
Натпреварот го организираше ЕУ во соработка со МОН во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.
Целта на натпреварот беше подигнување на свеста за почитување на еднаквоста помеѓу половите.
На конкурсот учествуваа околу 50 000 деца од целиот свет, а ликовните творби беа изработени во различни ликовни техники.
На 27.10.2010 год. во ЕУ Инфо центарот беше отворена изложба на наградените цртежи. На отварањето учествваа и нашите ученици
Изложбата беше отворена од Амасадорот на ЕУ Г-дин Ерван Фуере во Р. Македонија и од Министерот за образование Г-дин Никола Тодоров.