Учениците од трето одделение од ОУ „Димитар Македонски“ денеска, 02.02.2012 година, ја посетија Општина Аеродром.
Третоодделенците ја разгледаа општинската зграда, како и кабинетот на градоначалникот, при што се запознаа со активностите и обврските што ги има Општината, како и со вработените во администрацијата, со цел да научат како функционира локалната самоуправа.
Посетата на учениците се реализираше во рамки на наставниот план и програма за учениците од трето одделение, каде што се учи за улогата на општината во која живеат младите.