Учениците од хемиската секција при ОУ „Димитар Македонски“Аеродром- Скопје беа поканети во градинката Пчелка II за да разменат искуства за Проектот за рециклирање на хартија. Тие на најмалите им покажаа како треба хартијата да се собира, да се рециклира и од неа да се прават украси,маски,сувенири и слично. Малите дечиња соголемо внимание ја следеа постапката и покажаа голем интерес за изработка на вакви предмети.