Известување за посета на МУЗЕЈ со VI а одделение

 

Според програмата од предметот Истражување на родниот крај, петтата тема Културните настани во мојот роден крај предвидува посета на некој културен настан односно изложба, музеј, претстава во (театар,кино,балет,опера и.т.н ).

Бидејќи во Музејот на Македонија имаше едномесечна музејска поставка  на маски кои се користат на маскембалите во Македонија и пошироко а и постојана изложба на културното и историското наследство на нашата земја, односно  етнолошки поглед на животот на нашиот народ низ вековите наназад, се решивме за посета на овој музеј.

Учениците на часовите по Истражување на родниот крај низ разговор читање текстови и правење презентации се запознаа со значењето на музеите, различните поставки кои се изложуваат во нив и важноста на посетувањето на музеите со цел културно да се надградиме.

Исто така беше ставен акцент на правилата на однесување додека сме во музеј односно низ разговор се научивме како да се однесуваме при  негова посета.

 

ЕДНОМЕСЕЧНА МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА

Маски кои се изработени од придодни материјали кои служеле за плашење на злите сили во кои верувале луѓето во дамнешните времиња.

ПОСТОЈАНА МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА

 Етнолошките обележја на Македонија низ вековите наназад.

 Разгледавме различно уредени соби во кои живееле некогаш луѓето,и тоа како биле уредени собите, многу кажувало за сталежот во општеството во соодветното време. Богатите куќи изобилувале со скапи предмети, тавани во длаборез и златен накит ,пари и скапа облека. Сиромашните живееле во една соба на средина имало огниште околу кое се одвивал животот на целото семејство посебно во зимските денови.

Разгледвме и народни носии кои се карактеристични за одделни региони во Македонија.

Од обичаите во Македонија музејски беа раскажани: коледе-леде, Галичка свадба, вапцање на јајца за Велигден и.т.н.