Државен натпревар по географија by admin | May 12, 2012 | Новости | 0 comments Државен натпревар по географија На ден 04.052012г. во Делчево се одржа државен натпревар по географија. Прво во Скопје се одржа регионален натпревар, а нашто училиште го претставуваа три ученика од кои две ученички го продолжија натпреварувањето и на државно ниво. На 04.05.2012г. (петок) државниот натпревар се одржа во градот Делчево, во просториите на основното училиштето „Ванчо Прке“, каде што бевме многу љубезно и гостопримливо дочекани. Во чест на натпреварот, како и на херојскиот великан-Гоце Делчев, беше одржана приредба пред почетокот на натпреварот. Потоа со распоред по училници, учениците ги стигна најважниот момент-тестот. После тестот, учениците се запознаа од цела Македонија и така се склучија многу нови пријателства. Следниот ден се доделуваа наградите во манастирот Св. Богородица-Балаклија. Ова беше навистина прекрасно искуство, пропратено со многу дружење, забава и запознавање на нови нешта.