По повод Денот на Европа учениците од нашето училште во градскиот парк ја претставува Португалија земја членка на Европската унија. Учениците за да ја претстават Португалија пред македонските граѓани изработија поголем број на постери, преку кои можеше да се добијат информации за туризмот, фолклорот, традицијата, традиционални пијалоци, храна и др. Штандот беше посетен од претставникот на ЕУ во Македонија Г-дин Аиво Орав и градоначалникот на град Скопје Г-дин Коце Трајановски.