Во нашето училиште Димитар Македонски постои метеоролошка станица. Секоја година, двајца ученици од нашето училиште се ангажираат околу мерењето на утринската температура, минималната и максималната температура во текот на денот. Учениците задолжени за таа активност ги одредува наставничката по географија и тие имаат обврска – секое утро во осум часот да ги мерат температурите. Сето тоа се случува веќе со години и е на некој начин една традиција, која се пренесува од генерација на генерација.

Нашата училишна метеоролошка станица се наоѓа во одделен дел од училиштето. Температурите се запишуваат секој ден на убаво изработени листови кои стојат пред кабинетот по географија, со цел да им бидат достапни на сите заинтересирани. Целиот тој процес функционира без никаков проблем. Нашите млади метеоролози секој ден успешно ја завршуваат својата работа. Да се надеваме дека некој од нив еден ден ќе стане вистински метеоролог и нашето училиште ќе се гордее со него.