Ученичката од 9а одделение Елена Штерјова го освои второто место на Националниот натпревар за пишување есеј на англиски јазиk, кој што беше организиран од Американските Мировни Сили за Македонија, ЕЛТАМ (здружението на наставници по англиски јазик од Македонија) и Иниверзитетот на Југоисточна Европа. На него земаа учество ученици од основните и средните училишта од Македонија.
Церемонијата за доделување на признанието се одржа на 4-ти март во просториите на Американските Мировни Сили за Македонија и ученичката Елена Штерјова и нејзиниот ментор наставничката по англиски јазик Јасмина Хаџи-Димова ја имаа честа признанијата да им бидат доделени од американскиот амбасадор Џес Бејли.
На истиот натпревар учевствуваше и ученикот од 7а одд. Борјан Тодоровски кој доби сертификат за учество.