На почетокот на февруари на учениците во училиштето им беше зададена темата: „Мајчиниот јазик на мојот дедо и прадедо“ за пишување прозни и поетски творби со назнака дека Комисија од училиштето ќе направи селекција и најдобрите две творби ќе учествуваат на литературно читање кое традиционално се одржува во ООУ „Блаже Конески“. На конкурсот со свои творби учествуваа дваесетина ученици од петто до деветто одделение и Комисијата во состав Виолета Здравковска-Ташевски и Виолета Јовановска-Никовска ги одбра есеите на Ана Марија Шошковска од 9то и Екатерина Стојановска од 7б. Творбите на сите ученици кои учествуваа на овој конкурс беа истакнати во холот на училиштето. На 19 февруари во 10:30 часот се одржа литературно читање во ООУ „Блаже Конески“, Скопје. На собирот по повод Денот на мајчиниот јазик со своето присуство средбата ја збогатија Васил Тоциновски, Славка Арсова, Јадранка Клисарова, д-р. Вера Стојчевска-Антиќ. Тие со пригоден осврт за мајчиниот јазик се обратија на присутните наставници и ученици од сите училишта во општина Аеродром. По нивното обраќање сите ученици, а меѓу нив и Ана Марија Шошковска и Екатерина Стојановска ги прочитаа своите творби и добија книги и пофалници.