Врз основа на член 46, 47 и 50 од Законот за основно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016 и 67/2017) и член 22, 23 и 25 од Статутот на училиштето, директорот на ОOУ „Димитар Македонски“ ја донесе следната одлука за распишување на
О Г Л А С
За запишување на ученици во прво одделение за учебната 2018/19 год.
- Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај.
- Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
- По исклучок, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
- При запишувањето во прво одделение родителот треба да достави;
-потврда за примени задолжителни вакцини на детето,
-извод од матична книга на родените,
-потврда за систематски преглед на оралната празнина од стоматолог др. Ана Тафчиоска од амбуланта Лисиче.
В. Д. Директор
Јулијана Тодоровска