Во пресрет на Денот за чистење отпад, кој се спроведува од волонтери во повеќе од 150 земји во светот, и нашето училиште зема учество во одбележување на Националниот ден за чистење на отпад.  

Беше отстранет отпад од метал, стари дрвени клупи и неупотребливи табли.

Акцијата беше реализирана во соработка со Општина Аеродром.

Во акцијата учествуваа ученици од 9-то одделение, членови на еколошката секција, Томислав Јовановски, наставник по ФЗО, техничкиот персонал во училиштето, домаќинот, хаус мајсторот, стручните соработници, директорот и координаторот на акцијата Каролина Насковска, наставник по биологија.

Акцијата беше успешно завршена.