На 17.11.2018 година на натпреварот „Ноември месец на науката“- учествуваа учениците од ООУ “Димитар Македонски” по предметите биологија и хемија.
По предметот хемија учествуваа Миа Чучак од 8 одделение со експеримент „Морковот како катализатор“ и Меланија Филиповска од 8 одделение со експериментот „Розови школки“. По предметот биологија учествуваше Матеа Џерков од 9 одделение со демонстрација за „Градба на лист“
На натпреварот ученичката Меланија Филиповска од 8 одделение освои втора награда во конкуренција на 164 експерименти од хемијата.
Оваа манифестација трета година по ред се одвива со цел промовирање на експериментите и демонстрациите во природните науки кои ги опфаќаат предметите:биологија,хемија,физика,математика и географија.
Наставник – ментор Снежана Стефановска