Целта на предавањето е запознавање на учениците, наставничкиот и техничкиот персонал во училиштето за превенција од пожари и дејствување во услови на настанат пожар и потреба од евакуација на загрозени лица.
На презентацијата беа присутни сите вработени и учениците кои се дел од противпожарната секција во училиштето. После презентацијата учениците и вработените можеа да видат како се употребува апарат за гасење пожар. Неколку ученици и сами се обидоа да го употребат.
Активностите се спроведоа во организација на училиштето, Општинскиот противпожарен сојуз- Аеродром и Градскиот противпожарен сојуз.