[ngg src=”galleries” ids=”35″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]

„Дабар“ е интернационален  натпревар  наменет за ученици од основните и средните училишта  кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Со цел да се промовира оваа активност  во Република Северна Македонија, се приклучи и нашето училиште. На тој начин заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој.  Во нашето училиште на натпреварот учествуваа 17 наставници од одделенска настава со ученици од прво, второ, трето, четврто и петто одделение, вкупно 116 ученици. Натпреварот почна да се реализира од 11. 11. 2019 година, а заврши на 15.11.2019 година.

Одговорен наставник: Бранкица Костадиноска