На 20 Ноември, по повод Светскиот ден на децата во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија се одржи настан – Владина средба на високо ниво „За децата, од децата“.
Во организација на Владата на РСМ, УНИЦЕФ, ЕУ и Младински образовен форум, на настанот се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а беа присутни и повеќе владини претставници.

Оваа година над 120 училишта од 35 градови во Северна Македонија го одржаа Најголемиот час на светот посветен на “Иднината на детството“. Над 1300 деца испратија свои креативни дела – видеа, есеи, поезија, цртежи, слики, рап песни – и најдобрите десет беа изложени за време на средбата на високо владино ниво “За децата, од децата“. Творбата на нашата ученичка Тијана Јовановска беше еден од најдобрите десет. Тијана, заедно со наставничката Сузана Јовановиќ, беше една од 80те ученици кои присуствуваа на настанот.

[ngg src=”galleries” ids=”37″ display=”basic_imagebrowser”]