На 6. XII 2019. учениците од нашето училиште присуствуваа на промоција на книгата „Крај девет гори“ од м-р Крсте Велески, одржана во МБУЦ Илија Николовски Луј.
Промоторот, писателот Горјан Петревски, ни го претстави авторот, м-р Крсте Велески, кој својот работен век го посветува на образованието и воспитувањето.
Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да го презентира една земја.
Нашата традиција се карактеризира со многу обичаи. Обичаите се разликуваат од регион до регион. Книгата на м-р Крсте Велески „Крај девет гори“ обработува и претставува народни обичаи и верувања на луѓето од Крушевско-Пeлагонискиот регион. Книгата се темели на негови лични искуства и доживувања, но и на лични доживувања на неговите блиски.