Ученичките Љубица Поповска и Барбара Гиноска го претставија нашето училиште на рецитаторскиот натпревар за ученици од основно образование кој е одржан на 28.12. 2019. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.
На натпреварот, учениците прво ја интерпретираа песната „Татунчо“ од Кочо Рацин, а потоа секој ученик доби непознат текст, во овој случај „Сонет“ од Гане Тодоровски. При оценувањето на учениците беа земени предвид: солидноста на артикулацијата, правилната употреба на јазичната норма и емоционалниот израз сообразен со содржината.
[ngg src=”galleries” ids=”44″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”600″ thumbnail_height=”450″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”2″ number_of_columns=”2″]Во конкуренција од 60 ученици од основните училишта од цела Македонија, Љубица Поповска и Барбара Гиноска под менторство на наставничката Виолета Здравковска Ташевски, одлично одговорија на барањата на комисијата и се стекнаа со благодарници за учество.