На 21.03.2021 година се одржа Општински натпревар по англиски јазик. Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

  • Ања Манасова од 5б и Теодор Прошев од 5а освоија по 98 поени и двајцата имаат прво место 🥇
  • Давид Новаковиќ од 6в има освоено 93 поени и е прво место 🥇
  • Калина Стојановска од 7а освои прво место со освоени 92 бодови 🥇
  • Наталија Нанева од 8б има освоено 90 поени и е второ место 🥈

Сите ученици продолжуваат на следно ниво на натпреварување.

Честитки за наградените ученици и нивните ментори за постигнатиот успех 🤗 Ви посакуваме успеси и на следното ниво на натпреварување 🍀

На Регионалниот натпревар по математика ученичката Сара Марковиќ од 9а одделение со освоени 68 поени е III место и продолжува на државен натпревар.

На Регионалниот натпревар по информатика учествуваше ученичката Јована Сиљановска од 7-а одделение. Пофалба за учество, со среќа и успех во некои следни натпревари.

На Регионалниот натпревар по географија Ивана Шошкоска од 8-а одделение се пласира на државниот натпревар со освоени 95 бода од можни 100.

Браво за сите ученици и нивните ментори. Со среќа и многу постигнати успеси во иднина!