Со цел – зајакнување на демократската клима во училиштето,  и оваа учебна година, иако во многу поинакви услови, успеавме да организираме Отворен ден за граѓанско образование. Активностите ги реализиравме на 22.04.2021 година на платформата Teams.

Сакаме оваа активност да придонесе во промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште и поврзување на училиштето со пошироката заедница. Со ваквите активности училиштето помага да се поттикне одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата  и да се зајакне ученичката иницијативност за преземање активности за позитивна промена.

Голема благодарност до наставничката Ева Матевска Мишева, психологот, педагогот и директорката на нашето училиште за континуираната поддршка.

Оваа година темата е „Транспарентност во оценувањето“. Темата произлезе преку разговор со членови на ученичкиот парламент за нивните потреби и проблеми, по што беше изработен план за реализација на активностите.

Учениците од нашето училиште ги испрезентираа своите изработки и го изнесоа своето мислење, така што можеме да донесеме заклучок што навистина значи транспарентното оценување и зошто тоа е многу значајно.

Барбара Гиноска 9а- воведна презентација

Мери Ристова и Наталија Нанева 8б- презентација

Анамарија Павловска 8в

Јована Дамеска, Тијана Спасовска, Ивана Комициоска и Тереза Илиевска 9а- цртеж во вид на стрип и видео

Лена Стерјовска и Јована Божинова 9в- презентација

Јане Митев 9в- стрип

Дамјан Ристовски 8в- стрип

Сања Тасевска и Анастасија Дамчевска 9б- презентација