Денес ООУ “Димитар Македонски” -Аеродром, Скопје, го прославува својот Патронат. 57 години успешно и достоинствено се твори и прославува секоја година. Поради пандемијата во која живееме, училиштето не е во можност да го прослави со свечена церемонија, но затоа ќе го одбележиме овој значаен ден со активности и на други начини.

Учениците Јана Коколанска и Теодор Прошев од 5-а одделение, заедно со наставничката Ангеликија Парталовска, креираа прекрасно видео, по повод патрониот празник на нашето училиште.

Учениците од 3-в одделение изработија цртежи и презентација, под менторство на наставничката Зорана Ц. Бочварова.

[ngg src=”galleries” ids=”79″ display=”basic_slideshow”]