На 16.9.2021 г. учениците од Vв одделение и одделенскиот наставник Маја Буклеска го одбележаа Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. Понудениот линк од делот на активностите го пуштивме на онлине час. Разговаравме за озонската обвивка и експериментот учениците го испробаа во домашни услови, бидејќи наставата ја следат онлине.
На 20.9.2021г. (понеделник) во училишниот двор го одбележавме Денот без автомобили. Првата активност „М проверка“ учениците ја завршија за време на викендот. Во училишниот двор учениците ги научија рачните сигнали при управување со велосипед, разговаравме за безбедноста при возење на велосипед и учество на велосипедистите во сообраќајот. Следеше организирано возење на велосипед во училишниот двор и населбата како и Бавна трка. Во активноста учествуваа 12 ученици и еден наставник. За време на активноста потребни беа пластични конуси за обележување на патека за возење.

Оваа активност е реализирана во рамките на програмските активности на мрежата „Вело Училишта“ и во рамките на програмските активности на „Програма за унапредување на образованието за животна средина и климатски промени“ поддржана од УНИЦЕФ и Шведската Агенција за Меѓународна Соработка (SIDA).

[ngg src=”galleries” ids=”81″ display=”basic_slideshow”]