На 21.10.2021 (четврток) на игралиштето во училишниот двор на ООУ „Димитар Македонски“ се реализираа активности во рамките на Проектот Редовно на часови: АКЦИЈА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОМИТЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

Активноста насловена како АЈДЕ ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ се одвиваше на игралиштето во училишниот двор, а започна со загревање, зумба танц што го водеше наставничката по ФЗО.

Натпреварувачкиот дел се состоеше од три игри- полигони во кои се натпреваруваа три групи ученици поделени по 3 екипи (од прво, второ и трето одделение). Сите возрасни групи ги поминаа сите полигони и се натпреваруваа во рамките на својата возрасна група. Секоја екипа беше во придружба од своите наставнички. Учениците помагачи беа вклучени на тој начин што после секое поминато дете низ полигонот, ги местеа реквизитите кои беа растурени.  После сите завршени полигони се собраа бодовите и ги добивме победниците од секое одделение.

За трите победнички екипи од секое одделение доделивме дипломи, а за сите останати пофалници. За учениците и родителите  помагачи, доделивме благодарници. Сите останати деца од паралелките од 1-во до 3-то одделение кои не беа вклучени како учесници, заедно со своите родители, ја сочинуваа публиката, навиваа, се забавуваа и ги бодреа и поддржуваа своите соученици и своите деца.

Дел од активностите ги забележавме со видеозаписи и фотографии:

https://www.facebook.com/ooudmsk/videos/886500008674743

https://www.facebook.com/ooudmsk/videos/374047074508339

https://www.facebook.com/ooudmsk/videos/2913416642299014

https://www.facebook.com/ooudmsk/videos/1028069928027621