Селектирај страна

Во наставата по германски јазик редовно се употребува компјутерската техника. На голем дел од часовите, кои се одржуваат во кабинетите опремени со компјтери, се работат вежби подготвени од наставникот, а исто така учениците имаат можност да  работат во онлајн работна тетратка од Hueber Verlag – Ping pong 1 und 2 соодветна на нивните учебници.

ger4

ger3

Таму има различни вежби кои на крајот за секој ученик процентуално ја изразуваат подготвеноста на ученикот. Старите методи на работа и оценувања не се носат со времето, па затоа се стремиме кон модернизација на секое поле, се со цел на учениците да им дадеме соодветна интересна настава и подлога за понатамошно адекватно образование.