На 22.05.2025 година учениците од петто одделение спроведоа активност како дел од низата активности реализирани во чест на патронот на училиштето. Имаа можност да се натпреваруваат и да ги покажат своите знаења преку меѓуодделенскиот квиз на знаења. Сите ученици покажаа вистински натпреварувачки дух, меѓусебна поддршка и вистински знаења.Честитки за сите ученици за успехот.
Одговорни наставници: Весна Димковска, Берна Беќироска и Цветанка Младеновска.





————————————————————————————————————————————————————————————–
По повод патрониот празник на нашето училиште, денес учениците од 6то и 8мо одд имаа квиз на знаење и покажаа неверојатни резултати по предметот англиски јазик. Одговорен наставник Елизабета Матиќ.




————————————————————————————————————————————————————————————–
Учениците од третите одделенија го одбележаа патрониот празник на училиштето со низа активности
- Твореа на тема „Љубов и сонце за сите деца“
- Рецитал „Ние децата“
- Меѓуодделенски квиз по општество на тема „Сообраќај“
- Цртање „Ликот и делото на нашиот патрон“
Нека ни е честит патрониот ден!






————————————————————————————————————————————————————————————–
По повод патрониот празник на училиштето на 22.05 беше одржан натпревар по англиски јазик Spelling bee 🐝 за четврто одделение. По долга борба и покажани извонредни знаења прво место и Spelling bee king за 2025 година е Маркијан Филактов од 4б одделение, второ место е Калија Стаменковска од 4в и трето место е Бисера Чачкирова 4а одделение. Честитки за сите ученици!
Одговорен наставник: Јасмина Хаџи Димова

————————————————————————————————————————————————————————————–
📍На ден 22.05.2025 година, по повод Патрониот празник на нашето училиште, во четвртите одделенија се одржа квиз на знаења по сите предмети.👉Учениците исто така земаа учество во ликовниот и литературниот конкурс на тема ,, Љубов и сонце за сите деца” ♥️☀️✨

————————————————————————————————————————————————————————————–
По повод одбележувањето на патрониот празник, нашето училиште организираше спортски активности кои внесоа радост, возбуда и тимски дух кај учениците. 🤗Се одиграа пријателски натпревари во фудбал, одбојка со учениците од ООУ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ” и натпревари во кошарка со учениците од ООУ,, АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ”.👉Натпреварите се одвиваа во фер и позитивна атмосфера, каде што учениците имаа можност да ја покажат својата спортска подготвеност, но и да го зајакнат меѓусебното другарство и почит. 👏Поддршката од публиката и ангажманот на наставниците уште повеќе придонесоа за успешноста на настанот.📌Со оваа активност го прославивме не само патрониот празник, туку и важноста на спортот како средство за поврзување, развој на соработката и негување на здрави навики. Им честитаме на сите учесници и со нетрпение ги очекуваме следните спортски дружења!⛹️🤾♂️⚽







————————————————————————————————————————————————————————————–
По повод Патрониот празник на нашето училиште во тек се активности за негово одбележување. И учениците од седмите одделенија зедоа учество во квизот Kahoot со наставничката по англиски јазик Оливија Жежова. Сите покажаа солидно и одлично познавање на англискиот јазик, но сепак победник е еден, тоа се учениците од 7в паралелката. Им честитаме и им посакуваме уште многу успеси.



————————————————————————————————————————————————————————————–
По повод патрониот празник на ден 22.5. 2025 се одржа квиз на знаење по математика и физика помеѓу учениците од 9 одделение.
Победници со најмногу точни одговори и освоија прво место беа учениците од
9А:Андреј Стаменковски🏆
Лина Николовска🏆
Михаил Каралив🏆
Второ место беа учениците од : 9Б: Дамјан Кузевски🏅
Аника Аврамоска🏅
Ива Иваноска🏅
Трето место беа учениците од 9В: Теодор Прошев🥉
Петра Ласкова🥉
Томи Нанев🥉
Судии беа учениците : Нестор Јанчевски и Ристе Ристов од 8А
Наставници: Ана Арсиќ и Зорица Поповска

