Библотеката располага со разновиден книжен фонд кој опфаќа над 12 300 книги. Право на користење на овие книги има секо ученик како и вработените во училиштето.Најзастапена е литературата за деца и лектирните изданија. По пројавениот интерес и потреба, учениците позајмуваат книга, при што се запознаваат со правилата на библиотеката кои се однесуваат на начинот на позајмување и однесување на учениците во библиотеката, а и кон позајмената книга.

Отука библиотеката прттавува дополнителен сегмент во воспитно – образовниот процес. Во библоетеката учениците можат да читаат, учат и пишуваат. За таа цел освен понудените книги, тие се служат со содржините на бројни, интересни, илустрирани енциклопедии за деца и млади со кои располага библиотеката.

Секоја недела, учениците можат да прочитаат и списанија кои се во корелација со програмите на повеќе предметни подрачја и нивните наставни содржини.

Освен учениците, со книжевниот фонд на библиотеката се служат и наставниците со цел да ги задоволат потребите за реализација на наставните часови. Библиотеката ги поседува сите наставни планови и програми за одделенска настава и предметна настава. Библиотеката располага со голем број на енциклопедии.

Секоја година постои тенденција за збогатување и актуелизирање на книжевниот регистар. Купените книги тековно се евидентираат во библиотеката. Оваа учебна година во библиотеката се евидентираа  сите пристигнати учебници од проктот на Министерството за образование и наука ,,Бесплатен учебник за секое дете,,.

За активностите и тековните обврски на библиотеката се грижи оговорно лице-библиотекар.