Куќен ред
- Службениот влез е влезот од кај бистата и се користи за влез на наставници, родители , странки и сите ученици;
- Влезот кон фискултурната сала, го користат учениците кои имаат физичко образование, а во меѓувреме вратата е заклучена;
- Влезот кај топланата, го користат учениците од целодневна настава во периодот на слободни ученички активности. Во меѓувреме тој е заклучен;
- Наставничката канцеларија ја користат само наставниците, а не и родители и ученици;
- Одговорни за училишниот инвентар се дежурните ученици, одделенските заедници и одделенските и предметните наставници;
- Одговорни за фискултурната сала, соблекувалните и просторот пред салата се дежурните ученици и наставниците по физичко и здравствено образование;
- Одговорни за личните работи на учениците (прибор, опрема, телефони и сл.) се самите ученици;
- Влегувањето и излегувањето од училниците– кабинетите се врши во присуство на наставник;
- Движењето во ходниците треба да е без трчање, скокање и туркање;
- Забрането е седење во ходниците на подот бидејки дава лоша слика и е нехигиенски;
- Забрането е користење на мобилни телефони за време на часот, освен ако наставникот тоа не го предвидел како активност за реализација на наставната содржина;
- Учениците се должни мобилните телефони да ги ставаат во ѕидните џебови пред почнување на часот;
- Строго е забрането шкртање по ѕидовите и училишниот инвентар, во било кој дел на училиштето;
- Никој од субјектите во училиштето не смее да го уништува имотот во училиштето, да внесува лица од надвор без причина и да внесува супстанции (дрога, алкохол, запаливи средства и други предмети) со кои би го загрозил здравјето и безбедноста на учениците и вработените;
- Секоја направена штета се наплатува од самиот сторител;
- Забрането е пушење во училиштето и училишниот двор;
- Дежурните наставници редовно да го извршуваат дежурството во ходниците, според распоредот даден од стручните соработници и директорот, а е изготвен според распоредот на часови и во консултација со наставниците;
- За време на часовите во ходниците дежураат двајца ученици (по еден ученик на двата спрата), на местата определени за тоа како и лице од обезбедувањето;
- Дежурните ученици го извршуваат дежурството според задачите за дежурни ученици истакнати на местото на дежурање;
- За замена на часови, наставникот треба навреме да го извести директорот и стручните соработници;
- Секој вработен е должен за своето отсуство да го извести директорот;
- Промена на дневниот распоред на часови поради отсуство на наставник, прават стручните соработници;
- Претседателот на паралелката е должен да се информира кај стручните соработници за замена на часот;
- Родителите ќе се примаат кај одделенските и предметните наставници само според распоредот за приемни денови на наставниците, а кај стручните соработници според условите и потребите;
- Не е дозволено наставниците да излегуваат од час и да разговараат со родителите;
- Наставниците треба да ги известат учениците за термините за одржување на додатна и дополнителна настава и за слободни ученички активности;
- Вработените и родителите треба во училиштето да доаѓаат пристојно облечени;
- Родителите на учениците од целодневна настава наутро ги оставаат учениците на влезот во училиштето, но не е дозволено влегување внатре. Учениците оттука сами си влегуваат во своите училници, (освен понеделник);
- Родителите на учениците од целодневна настава, влегуваат во училиштето во 15,00 кога завршува наставата, за да си ги земат децата;
- Учениците во училиштето задолжително треба да носат училишна облека.