Лична карта

ООУ „ ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ” – општина Аеродром Скопје

ООУ „Димитар Македонски” се наоѓа во населбата Лисиче, на улица „Ѓуро Малешевац” бр.2, Општина Аеродром, Скопје. Изградено е во 1964 година со Решение бр.279 на Општинско собрание на Општина Кисела Вода како донација од Република Франција,  по катастрофалниот земјотрес во Скопје  1963 год. Основна дејност е реализација на воспитно-образовен процес во основното образование. Наставата се одвива во две смени  на македонски наставен јазик и кирилско писмо. Во јули, 2017 започна изградба на нов училишен објект. Новиот објект е предаден во употреба и во него започна да се реализира настава на 1.2.2022 година.

 

За патронот

Патронот Димитар В. Македонски е еден од плодните преродбеници, но и заслужен просветител, учебникар и публицист, борец за национални и црковни права на македонскиот народ во 19-тиот век.

Роден е во с.Емборе, Кајларско,  Егејска Македонија во 1847 год. Образованието го започнал во своето родно место, а го завршил во Белград. Во Цариград ги совладал францускиот, германскиот, бугарскиот и италијанскиот јазик, а подоцна и рускиот и англискиот јазик,   со што станал полиглот, нешто што била вистинска реткост, но и богатство за македонскиот народ во неговото време.

Во своите најплодни творечки години, се вклучува во разбудениот и освестен дел од македонската интелегенција, која се бори за политичка и национална слобода на Македонците.

Димитар В.Македонски е убиен во 1898 год во Цариград.