ПЛАН, ПРОТОКОЛ И  АЛГОРИТАМ

за работа на ООУ „Димитар Македонски“ во услови на COVID-19 

за настава со физичко присуство на учениците за учебната 2021/22 година

Воведен дел

„Врз основа на Протоколот на постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022, Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2021/2022 и Алгоритам за постапување на училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на COVID 19 (Сл. весник на РСМ бр.212 од 02.09.2020), со цел безбеден и успешен почеток и тек на наставата, ООУ „Димитар Македонски“ Скопје изготви План, Протокол  и Алгоритам за работа на ООУ „Димитар Македонски“- Скопје во услови на COVID-19.

Планот, Протоколот и Алгоритамот за работа на ООУ „Димитар Македонски“ Скопје ги регулира начинот за одржување на наставата во услови на COVID-19, начинот за влез и излез од училиштето на учениците и вработените, задолженијата и обврските кои ги имаат учениците, родителите и вработените во насока на заштита од COVID-19, план за дезинфекција на објектот.

Почитувањето на Планот, Протоколот и Алгоритамот е во насока на заедничка заштита и ги намалува шансите за ширење на вирусот во објектот.

  • Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот, со организација на наставата со физичко присуство во 2 смени.
  • Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и го истакнува на видни места во училиштето.
  • Училиштето воведува систем за движење на учениците и вработените низ училиштето по точно обележана патека со растојание од 1.5м, како и ограничување на бројот на лица.
  • Секој вработен и ученик има обврска строго да се придржуваат до распоредот за почеток на наставата и завршување на наставата.
  • Наставниот кадар има обврска да биде на работното место 30 мин пред почетокот на работниот ангажман
  • За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.
  • Учениците за влез во училиштето влегуваат со скалест распоред низ ТРИ одделни влеза (ВЛЕЗ 1, ВЛЕЗ 2 И ВЛЕЗ 3), а излегуваат соодветно на својот излез. Физичкиот контакт меѓу учениците при влез и при излез е сведен на минимум. Учениците од прво до трето одделение користат свои училници, со продолжен престој. Училниците за четврто и петто одделение, во обратна смена ќе се користат од страна на учениците од 6-9то одделение според претходно утврден распоред.
  • Помеѓу двете смени се остава 30 минути време технички персонал да изврши чистење и дезинфекција на училниците за следната група.
  • Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.
  • На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.
  • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник(редар), кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
  • Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
  • На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена темпратура (над 37.4⁰) вработениот се упатува кај матичен лекар.
  • На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена темпратура (над 37.4⁰) не се дозволува влез на ученикот во училиштето и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
  • Секој вработен и ученик, при влезот во училиштето, како и во внатрешниот простор на училиштето задолжително треба да го почитува принципот за одржување дистанца и да се движи по точно утврденa и обележана патека.
  • Во ситуација кога е евидентирано лице – (ученик или вработен) кое појавува симптоми на вирусот COVID 19, обезбедeна е просторија каде истото ќе биде изолирано, а во просторијата во која присуствувало лицето, како и целиот простор каде се движело се врши комплетна дезинфекција. Доколку во просторијата има и други лица истите се префрлуваат во друга просторија (училница).
  • Влезот за вработените го регулира лицето задолжено за обезбедување и дежурни наставници-редари, а додека влезовите за ученици (ВЛЕЗ 2 и ВЛЕЗ 3) – дежурните наставници-редари по следниот распоред (Имињата може да претрпат измени, заради сменско работење):

Продолжен престој

ВЛЕЗ 2

ПОНЕДЕЛНИК

ВТОРНИК

СРЕДА

ЧЕТВРТОК

ПЕТОК

07:05-07:15

Љупка Павловска

Слаѓана Петковска

Оливера Божинова

Зорица Младеновска

Мери Џековска

Наташа Р.Трпевска

Влатко Ристов

Љупка Павловска

Слаѓана Петковска

Оливера Божинова

Зорица Младеновска

Мери Џековска

Наташа Р.Трпевска

Елизабета Матиќ

Влатко Ристов

Љупка Павловска

Слаѓана Петковска

Оливера Божинова

Зорица Младеновска

Мери Џековска

Наташа Р.Трпевска

Влатко Ристов

Љупка Павловска

Слаѓана Петковска

Оливера Божинова

Зорица Младеновска

Мери Џековска

Наташа Р.Трпевска

Елизабета Матиќ

Влатко Ристов

Љупка Павловска

Слаѓана Петковска

Оливера Божинова

Зорица Младеновска

Мери Џековска

Наташа Р.Трпевска

Влатко Ристов

07:15-07:25

Драгана Кузмановска

Весна Димковска

Александра В. Танчевска

Берна Беќировска

Бранкица Костадиновска

Цветанка Младеновска

Влатко Ристов

Драгана Кузмановска

Весна Димковска

Александра В. Танчевска

Берна Беќировска

Бранкица Костадиновска

Цветанка Младеновска

Влатко Ристов

Драгана Кузмановска

Весна Димковска

Александра В. Танчевска

Берна Беќировска

Бранкица Костадиновска

Цветанка Младеновска

Оливија Жежова

Влатко Ристов

Драгана Кузмановска

Весна Димковска

Александра В. Танчевска

Берна Беќировска

Бранкица Костадиновска

Цветанка Младеновска

Влатко Ристов

Драгана Кузмановска

Весна Димковска

Александра В. Танчевска

Берна Беќировска

Бранкица Костадиновска

Цветанка Младеновска

Оливија Жежова

Влатко Ристов

07:25-07:30

Лила Велковска

Маја Јовановска

Маја Саздова

Ангеликија Парталовска

Маја Христова

Дијана Маневска

Влатко Ристов

Лила Велковска

Маја Јовановска

Маја Саздова

Ангеликија Парталовска

Маја Христова

Дијана Маневска

Влатко Ристов

Лила Велковска

Маја Јовановска

Маја Саздова

Ангеликија Парталовска

Маја Христова

Дијана Маневска

Влатко Ристов

Лила Велковска

Маја Јовановска

Маја Саздова

Ангеликија Парталовска

Маја Христова

Дијана Маневска

Влатко Ристов

Лила Велковска

Маја Јовановска

Маја Саздова

Ангеликија Парталовска

Маја Христова

Дијана Маневска

Влатко Ристов

Четврто одделение

ВЛЕЗ 1

ПОНЕДЕЛНИК

ВТОРНИК

СРЕДА

ЧЕТВРТОК

ПЕТОК

07:20-07:30

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Јасмина Хаџи Димова

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Каролина Насковска

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

13:20-13:30

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Јасмина Хаџи Димова

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

Сашка Илиевска

Марија Анѓелевска

Зорана Ц. Бочваровска

Спасе

Петто одделение

ВЛЕЗ 3

ПОНЕДЕЛНИК

ВТОРНИК

СРЕДА

ЧЕТВРТОК

ПЕТОК

07: 20-07:30

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Каролина Насковска

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Надежда Јордановска

Јасмина Хаџи Димова

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Јасмина Хаџи Димова

Тодорка Ризова

13: 20-13:30

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Каролина Насковска

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Надежда Јордановска

Јасмина Хаџи Димова

Тодорка Ризова

Ребека Владимирова

Марина Спасовска

Маја Буклевска

Јасмина Хаџи Димова

Тодорка Ризова

Предметна настава

ВЛЕЗ 1

ПОНЕДЕЛНИК

ВТОРНИК

СРЕДА

ЧЕТВРТОК

ПЕТОК

07:15-07:25

Каролина Насковска

Бојан Петковски

Валентин Рајатовски

Христина Герасимовски

Спасе Маневски (обезбедување)

Сузана Јовановиќ

Зорица Поповска

Христина Герасимовски

Оливија Жежова

Спасе Маневски (обезбедување)

Христина Герасимовски

Гоце Ѓорѓиевски

Ана Арсиќ

Сузана Јовановиќ

Спасе Маневски (обезбедување)

Снежана Стефановска

Виолета Јовановска

Зорица Поповска

Ева Матевска. М

Спасе Маневски (обезбедување)

Стојанчо Миров

Елизабета Матиќ

Снежана Стефановска

Зорица Попвска

Валентин Рајатовски

Спасе Маневски (обезбедување)

 

13:15-13:25

Каролина Насковска

Бојан Петковски

Валентин Рајатовски

Христина Герасимовски

Спасе Маневски (обезбедување)

Сузана Јовановиќ

Зорица Поповска

Христина Герасимовски

Оливија Жежова

Спасе Маневски (обезбедување)

Христина Герасимовски

Гоце Ѓорѓиевски

Ана Арсиќ

Сузана Јовановиќ

Спасе Маневски (обезбедување)

Снежана Стефановска

Виолета Јовановска

Зорица Поповска

Ева Матевска. М

Спасе Маневски (обезбедување)

Стојанчо Миров

Елизабета Матиќ

Снежана Стефановска

Зорица Попвска

Валентин Рајатовски

Спасе Маневски (обезбедување)

ВЛЕЗ 3

ПОНЕДЕЛНИК

ВТОРНИК

СРЕДА

ЧЕТВРТОК

ПЕТОК

07:15-07:25

Сузана Кузмановска

Виолета Јовановска Н.

Јасмина Узунова

Гоце Ѓорѓиески

Тодорка Ризова

Виолета Здравковска

Јасмина Узунова

Сузана Кузмановска Снежана Стефановска

Тодорка Ризова

Елена Димовска

Јасмина Узунова

Виолета Јовановска. Н

Снежана Стефановска

Тодорка Ризова

Стојанчо Миров

Ана Арсиќ

Билјана Тримчевска

Каролина Насковска

Тодорка Ризова

Надежда Јордановска

Виолета Здравковска

Сузана Кузмановска

Ана Арсиќ

Тодорка Ризова

13:15-13:25

Сузана Кузмановска

Виолета Јовановска Н.

Гоце Ѓорѓиески

Јасмина Узунова

Тодорка Ризова

Виолета Здравковска

Јасмина Узунова

Сузана Кузмановска Снежана Стефановска

Тодорка Ризова

Елена Димовска

Јасмина Узунова

Виолета Јовановска. Н

Снежана Стефановска

Тодорка Ризова

Стојанчо Миров

Ана Арсиќ

Билјана Тримчевска

Каролина Насковска

Тодорка Ризова

Надежда Јордановска

Виолета Здравковска

Сузана Кузмановска

Ана Арсиќ

Тодорка Ризова

  

  • По завршување на секоја смена влезовите/ излезите се заклучуваат.
  • Строго се забранува влез без соодветна заштитна опрема – маска на лицето.
  • Доколку лицето (ученик, вработен) не носи заштитна опрема – маска истата му ја обезбедува училиштето со опомена дека доколку се повтори неносење на заштитна опрема нема да биде дозволен влез во објектот, истиот ќе биде пријавен до надлежна институција за непочитување на мерките за заштита од COVID 19 и ќе се применат мерките за непочитување на протоколот.
  • Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1.5 метри.
  • Во училиштето строго се забранува влез на надворешни лица.
  • Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата, а влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.

 

Одржување на наставен час

  • Учениците наставата ќе ја следат со часови од по 40 мин. Времето на реализација на часовите и распоредот на часови го изготвува училиштето за секоја паралелка одделно. Времето за реализација на наставата, како и рапоредите на часови по предмети се истакнуваат на огласна табла, се дистрибуираат на секој родител пред почетокот на наставата и се објавуваат на web страната на училиштето,
  • ООУ„Димитар Македонски“ Скопје, согласно просторните можности, како и материјално-техничките услови за најбезбедно и најоптимално користење на расположливите средства, како материјални така и хигиенски, ја организираат наставата во 2 смени.
  • За пристигнувањето, за заминувањето на паралелките, за смените, користењето на големиот одмор како и за учење од далечина, училиштето изготвува распоред и истиот го објавува на огласна табла за родители, го дистрибуира до секој ученик и родител, како и го објавува на web страната на училиштето.
  • Куќниот ред на училиштето се усогласува со Планот и Протоколот за настава со физичко присуство како и материјално- техничките услови.
  • За учениците наставата во ООУ„Димитар Македонски“ Скопје се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето и со задолжителна примена на сите заштитни епидемиолошки мерки утврдени во Протоколот за настава со физичко присуство.
  • Доколку родителот/старателот, сака неговото дете наставата да ја следи со учење од далечина, поднесува барање до училиштето за ученикот да следи настава со учење од далечина. Согласно заклучокот од деведесет и осмата седница на владата на РСМ одржана на 7.8.2021 година за барањето за следење настава од далечина одлучува училиштето.
  • Во паралелките во кои има ученици кои следат настава со учење на далечина, наставникот согласно условите, можностите и специфичностите на наставната единица во рамките на одреден наставен предмет може:
    • додека го држи часот да ги вклучи и учениците кои следат настава од далечина (за што треба претходно да ги извести),
    • да го сними реализираниот наставен час и да го испрати на учениците кои следат настава од далечина,
    • да изготви печатени материјали кои ги преземаат родителите во соработка со наставникот/класниот раководител/образовниот асистент.
  • Учениците треба почесто да се потсетуваат на мерките за заштита согласно Протоколот за настава со физичко присуство. Треба да им се нагласи дека не треба да ги споделуваат своите работи (моливи, гумички и сл.) согласно околностите и дека другарството може да го изразат на други начини прифатливи за сегашната ситуација, пример преку меѓусебно потсетување да ги почитуваат правилата за заштита и правилата во училница и со други соодветни креативни активности преку кои ќе се работи на развивање на чувството на емпатија.
  • Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание.
  • Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
  • Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците, како и меѓу наставникот и учениците.
  • За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен одделенскиот раководител и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.
  • Секој ученик кој не е присутен на часот, без разлика дали истиот следи настава со физичко присуство или преку далечинско учење, се евидентира како отсутен ученик во педагошката документација. Отсуството ќе се регулира согласно Правилникот за регулирање на изостаноци на учениците.

Ученици со попреченост во ООУ„Димитар Македонски“ Скопје

  • Учениците со попреченост се вклучени во наставата во училиштето и им се обезбедува поддршка од страна на наставниците и стручните соработници (специјален едукатор, психолог, педагог и сл.) односно инклузивниот тим. ИОП-от го изработува инклузивниот тим за учениците со посебни образовни потреби и истиот е прилагоден на начинот на реализација на наставата во училиштето за тие ученици.
  • Родителите/старателите на учениците со попреченост, имаат право да одлучат дали нивните деца ќе следат настава со физичко присуство во училиште или ќе следат настава со учење од далечина – од дома.
  • Учениците со попреченост кои имаат поддршка од образовен или личен асистент, продолжуваат со поддршката на образовниот процес на учениците во училиштето или во домот на ученикот и ќе бидат во постојана комуникација и координација со инклузивниот тим во училиштето и родителите.
  • Образовниот асистент начинот на поддршката на образовниот процес на ученикот ја договара во директна соработка со родителот/старателот.
  • Образовниот или личниот асистент кој се вклучува во паралелката, се придржува на Протоколот за настава со физичко присуство, поттикнува физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик и помага во одржување на хигиената на ученикот.

Организација на одморите меѓу часовите

  • Учениците кои следат настава со физичко присуство користат голем одмор во траење од 15 мин, согласно дневниот распоред на активности, кој е под задолжителен надзор на одделенскиот раководител на паралелката. За време на одморите задолжително се почитува физичката дистанца и мерките за заштита согласно Протоколот за настава со физичко присуство, и потребно е да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците.

Регулирање на движењето на учениците за време на одмор и настава

  • Наставата ја следат исти ученици во иста училница. Не е дозволено напуштање на просторијата во текот на наставата. По потреба, ученикот може да оди во тоалет, со придружба на вработен (наставник или лице од технички персонал).

За одделенска настава од I до III одд.

  • Наставникот пред почетокот на првиот час се упатува на соодветниот влез за прием на ученици. Учениците на растојание од 1,5 м, заедно со наставникот се упатуваат во соодветната училница. За сето време учениците се во училницата, а наставникот не ја напушта просторијата. Сите материјали и нагледни средства се достапни на наставникот кој ги користи за демонстрација. Во случај наставникот да има потреба да ја напушти просторијата, веднаш на негово место доаѓа наставникот кој е поддршка на тој тракт (наставници кои имаат слободен час).
  • Лице од технички персонал – хигиеничар кое врши придружба внимава на правилна употреба на дезинфицирање на рацете на ученикот, користење на тоалетната хартија и кантата со капак за одлагање на отпадот, како и става течен сапун на рацете на ученикот
  • Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.

Надзор за примената на планот и протоколите

  • Следењето на реализацијата на наставниот процес согласно Планот и Протоколите (со физичко присуство на учениците и учење од далечина), го врши Државниот просветен инспекторат согласно своите надлежности преку редовен и вонреден надзор, а надзор на примената на Протоколите за одржување на наставата со физичко присуство во учебната 2020/2021 година вршат Државниот просветен инспекторат и Државниот санитарен инспекторат согласно нивните надлежности.

Задолженија на вработените, учениците и родителите

  • Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во училиште и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
  • Лицето од обезбедување врши бесконтактно мерење на телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37,4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.на температурата на вработените при самиот влез.
  • За секакво доцнење и непочитување на своето работно време ќе се применат мерките за непочитување на планот, протоколот и алгоритмот

Задолженија на наставниот кадар

  • Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот, во кој наставниот кадар и стручните соработници треба да бидат на располагање.
  • Заради здравствена заштита на учениците и вработените во училиштето, како и постигнување на резултатите на учење утврдени во наставните програми, работата на училиштата се организира на начин на кој училиштето ќе претставува училишна безбедна средина за работа и учење.
  • На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер.
  • Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.
  • Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
  • Наставникот задолжително води двонасочна комуникација со оние ученици кои ја следат наставата од далечина преку националната платформа, како и со сите родители/старатели и групни состаноци со користење на online врска.
  • Наставниот кадар како и другите вработени влегуваат од ВЛЕЗ 1 (главниот влез на училиштето) и задолжително вршат дезинфекција на рацете и обувките. При влегување се препорачува наставниците како и сите други вработени да избегнуваат подолго задржување на влезот како и други простории како наставничката канцеларија и да практикуваат физичката дистанца меѓу наставник и наставник/друг вработен во училиштето, наставник и ученик и наставник и родител/старател на ученикот.
  • Наставниот кадар, на своето работно место треба да е 30 мин пред почетокот на часот кој го реализира.
  • Наставникот кој има празен час нема право да го напушти училишниот објект.
  • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство така што во колона по 1 на дистанца од 1,5м ги внесува во училница.
  • Преминувањето низ заедничките простории се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
    • Вработените од технички персонал – хаусмајстор на работното место е од 6.00 часот –прва смена и трае до 14 часот, а за втора смена е од 12.00 часот и трае до 20 часот (смените се менуваат на една седмица) и
    • Секој вработен од технички персонал задожително треба да е на работното место
    • Дезинфекција на објектот ја вршат вработените од технички персонал, а во ситуации од крајна итност и наставниот кадар
    • Сите вработени од технички персонал – хигиеничар на трите главни влеза ВЛЕЗ 1 , ВЛЕЗ 2 и ВЛЕЗ 3 во училиштето поставуваат стази натопени со дезинфекциско сретство и постојано обезбедуваат истото да е влажно.дделенските раководители, задолжително писмено ги известуваат родители/старателите од својата паралелка со Протоколот за работа на ООУ„Димитар Македонски“ Скопје за време на пандемијата COVID 19 и обезбедуваат изјави од секој родител/старател дека се запознаени со формата и содржината на протоколот и дека доследно ќе го почитуваат истиот. Смените се менуваат на две седмици. 
  • Задолженија на директор и стручни соработници 
    • Директорот определува лица од вработените од редот на технички персонал кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и вооедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
      • Директорот и стручните соработници во секое време од наставата може да извршат посета на часовите. Извршената посета на часот ја евидентираат во својот дневник за работа.
      • Психологот на училиштето, врши индивидуални средби со родители/старатели и ученици каде имаат потреба од стручна психолошка поддршка. Потребата од стручна психолошка поддршка се врши по барање на ученик, родител/старател или одделенски раководител.
      • Психологот на училиштето врши советување на родители/старатели и ученици во согласност со Законот за основно образование.За секоја одржана средба со секој ученик и родител, психологот води евиденција.
      • Специјалниот рехабилитатор и едукатор (дефектологот), работи со учениците со ПОП, по претходно зададени задолженија на ученикот од страна на наставниот кадар. Планот и распоредот за работа на дефектологот за секој ученик одделно, го изготвува истиот и го доставува до директорот на училиштето, како и до родителот на ученикот со ПОП. За секоја одржана средба со секој ученик, дефектологот води евиденција.
      • Стручните соработници го следат текот на наставата, вршат анализа на вклученоста на учениците во наставата, како и анализа на успехот на учениците и даваат стручна поддршка на наставниот кадар, со цел подобрување на успехот на учениците и подобрување на квалитетот на наставата.

      Задолженија на редар  

      • За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метар. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.
      • На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник/редар, кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
      • На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

      Задолженија на технички персонал 

    Технички персонал се грижи тоалетите да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 

    • Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
    • Чистењето на фискултурната сала и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
    • Секојдневно вршење дезинфекција на просторот треба да се врши на следниот начин:
      • Од 6.30 до 7.00 часот, помеѓу смените, како и по завршување на наставата, пребришување на клупите, прскање на кваките од вратите и кваките од прозорите во училницит, помошните простории и канцелариите со дезинфекциско средство со 70% алкохол– задолжени сите вработени од технички персонал – хигиеничари
      • Од 6.30 до 7.00 часот, помеѓу смените, како и по завршување на наставата, влажно џогирање на подовите со дезинфекциско средство во училниците, ходниците на првиот кат, помошните простории и канцелариите – задолжени сите вработени од технички персонал -хигиеничари
      • Од 6.30 на секој саат (7.30, 8.30,….) до завршување на наставата целосно чистење со дезинфекциски средства на тоалети наменети за учениците и вработените – задолжени сите вработени од технички персонал -хигиеничари
      • Пред почетокот (од 6.30 до 7.00 часот), помеѓу смените, како и по завршување на наставата од сите смени прскање со пумпа со дезинфекциско средство во сите простории во училишната зграда и училишниот двор – задолжени сите вработени од технички персонал

    Регулирање на завршувањето на наставата и заминувањето од училиште

    • По завршување на наставата се врши целосна дезинфекција на просторот.

    Задолженија на учениците:

    • Доследно почитување на времето за доаѓање и започнување со настава пропишано во овој протокол
    • Пред започнување на часот ученикот е подготвен со материјалите и приборот за работа според претходно зададените насоки од наставникот
    • Доследно почитување на мерките пропишани во овој протокол
    • Движење во обележаниот простор наменет за својата паралелка

    Задолженија на родителите/старателите:

    • Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните аистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.
    • Родителот/старателот е должен, да ја следи здравствената состојба на детето. Доколку детето појави знаци на болест, не смее да дојде во училиште.
    • Доследно почитување на времето за доаѓање и започнување со настава на своето дете пропишано во овој протокол Доследно почитување на времето на завршување на наставата и превземање на своето дете пропишано во овој протокол
    • Задолжително се вклучуваа на видеоконференциска врска за време на родителските средби организирани online
    • Секојдневно му обезбедуваат заштитна опрема – маска на своето дете
    • Редовно се информира за успехот и поведението на своето дете
    • Строго се забранува влез во училиштето освен во исклучителни случаи.
    • Сите родители/старатели пред стартот на учебната година, потпишуваат писмена изјава дека се запознати со формата и содржината на протоколот и дека доследно ќе го почитуваат истиот

    Задолженија за непречена работа на училишната библиотека:

    • Зајмувањето и враќањето на библиотечен материјал и литература од училишната библиотека ќе се врши низ комуникација ученик – одделенски раководител – библиотекар и повторно одделенски раководител – ученик и тоа
    • Ученикот потребата од лектирно издание ја најавува на : за одделенска настава кај одделенскиот раководител, а за предметна настава кај наставникот кој го предава предметот македонски јазик на ученикот.
    • Одделенскиот раководител доставува барање (писмена или електронска комуникација) за соодветна литература до библиотекарот кој пак ги обезбедува истите и ги зајмува на одделенскиот раководител.
    • Дежурниот ученик ќе ги враќа позајмените книги од библиотека со одложување на истите во картонска кутија поставена на влезот во просторијата, откако библиотекарот ќе ги евидентира истите.
    • Вратените книги нема да бидат достапни за позајмица во наредните 24 часа (по 24 часа ќе бидат вратени на полица) Позајмувачите на книги (одделенските раководители) како и библиотекарот при физичката комуникација задолжително ќе носат заштитна опрема при работа
    • Библиотекарот ќе користи средство за дезинфекција при секоја позајмица на книга.

    Одржување на состаноци на наставниот кадар и родителски средби

    Состаноците со родителските средби задолжително се одржуваат со двонасочна online комуникација каде по потреба се вклучуваат стручните соработници и директорот.двонасочна online комуникација каде по потреба се вклучуваат стручните соработници и директорот.

     Мерки за непочитување на протоколот

    Мерки за непочитување на протоколот од страна на учениците

    • Се забранува влез без соодветна заштитна опрема – заштитна маска
    • Доколку ученикот нема заштитна опрема (заштитна маска) истата при влез му ја обезбедува училиштето и телефонски го опоменува родителот/старателот. Заштитна маска училиштето обезбедува за ученик на кои истата во текот на престојот му е оштетена.
    • Доколку ученикот за време на наставата ја отстранува маската, наставникот треба усно да го опомене. Доколку ученикот истата постапка свесно во текот на денот повеќе пати ја повтори тогаш одделенскиот раководител го известува родителот/старателот и на ученикот му се изрекува педагошка мерка.
    • Ученик кои нема да се придржува до утврдената шема за движење низ училиштето ќе биде опоменат од задолжениот наставник, а за истото не почитување известен ќе биде родителот/старателот.
    • Најстрого се забранува исмејување или навредување во било која форма од страна на ученик спрема друг ученик кои во своето семејство имал, или има, случај на заболен од COVID-19. Во овој случај на повреда стручните соработници во училиштето одржува разговори со ученикот, како и со родителот/старателот. Доколку ученикот и понатаму продолжи со не соодветните постапки се изрекува педагошка мерка.

    Мерки за непочитување на протоколот од страна на наставниците и другите вработени

    • Директорот на училиштето, наставниците и другите вработени треба да се пример во почитувањето на Протоколот. Не е дозволиво никакво прекршување на одредбите предвидени во овој Протокол или мерките и протоколите донесени од страна на Владата за заштита од COVID -19.
    • На вработен кои не носи маска не му се дозволува влез во објектот. Доколку вработениот не носи заштитна маска истата му се обезбедува од училиштето, по што следи опомена од страна на директорот. На вработен на кој му е оштетена заштитната маска, истата му ја обезбедува училиштето.
    • Сите вработени во училиштето се должни да ја следат динамиката за контрола на влезот и излезот на учениците, процесот на дезинфекција и престој за време на настава. Секое непочитување од страна на вработените се санкционира со соодветна дисциплинска мерка.
    • За непочитувуање на Протоколот од вработениот, директорот е должен да ги преземе следните дисциплински мерки:
    1. Писмено да му се изрече предупредување на вработениот за не почитувањето на Протоколот, со наведување на јасната одредба која е прекршена.
    2. Писмено му се изрекува усна опомена за непочитување на Протоколот, со наведување на јасната одредба која е прекршена.
    3. Му се изрекува писмена опомена за непочитување на Протоколот, со наведување на јасната одредба која е прекршена.
    4. До 15% од последната исплатена месечна нето плата на вработениот во траење од 1 до 6 месеци
    5. Дисциплинска постапка за прекин на работниот однос
    • Вработено лице кај кое при епидемиолошка анкета од страна на Институтот за јавно здравје се утврди дека се заразил со COVID -19 вирусот свесно прекршувајќи ги сите активни мерки и протоколи на Владата за заштита и притоа на ризик ги изложил учениците и вработените во училиштето, се соочува со најстроги мерки на санкционирање.
    • Најстрого ќе биде санкционирано секое лажно или ненавремено известување за здравствената состојба на вработените.

    Мерки за непочитување на протоколот од страна на родители/старателите

    • Родителот/старателот е должен да го запознае своето дете со правилата утврдени во овој Протокол.
    • Училиштето нема да дозволи влез на ученик и за истиот ќе бидат евидентирани неоправдани изостаноци доколку родителот/старателот свесно и на негово барање инсистира неговото дете да не носи заштитна опрема за време на престојот во училиштето.
    • Родителот/старателот е должен да дава точни и навремени информации за здравствената состојба на неговото дете. Секое давање лажни или ненавремени информации од страна на родителот/старателот за здравствената состојба на ученикот ќе биде санкционирано согласно законските прописи.
    • Родителот/старателот е одговорен за здравјето на своето, но и на другите деца. Секој родител/старател кој при утврдена епидемиолошка анкета од страна на Институтот за јавно здравје се утврди дека се заразил, поради свесно не почитување на активните мерки за заштита од вирусот донесени од страна на Владата, при тоа ставајќи ги во ризик останатите ученици и вработени во училиштето ќе биде санкциониран согласно законските прописи.

    Постапка при развивање на симптоми на COVID-19 за време на настава

    • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и науки.
    • Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
    • Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.

     НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на училиштата во услови на епидемија со COVID-19 ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат на РСМ.