Select Page

Од денеска родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година. 
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот (http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari). 
Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи, кои треба да се оригинал, на увид, а не копија:
1.    Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2018/2019 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром
2.    Оригинал извод од матичната книга на венчаните (за родителите/старателите на првачето) на увид
3.    Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид 
4.    Важечки лични карти од двајцата родители, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид
5.    Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.

20.6.2018
Општина Аеродром