Select Page

📌Одличен почеток на проектот „Нашите права“, кој се реализира во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Центар и е посветен на едукација за детските и човековите права. Проектот се спроведува од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, во соработка со Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Бирото за развој на образованието.
👉Во рамки на проектот се оддржа воведна работилница со изработка на акциски план, на која активно учество земаа и наставници од нашето училиште.
⭐Настанот беше поддржан од Амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, како и од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Посебно задоволство претставуваше целодневната работа со авторката на проектот, Бланка Јамнишек.🤗