„Училишта на 21 век“ е тригодишна образовна програма, дизајнирана и спроведена од Британски совет и финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Со неа повеќе од еден милион ученици на возраст од 10 до 15 години во Западен Балкан ќе се стекнат со вештини за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. 

Програмата се спроведува во партнерство со релевантните образовни институции во земјава. Таа ќе им овозможи на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин. Освен тоа што ќе научат вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата ќе научат и практични вештини за кодирање и ќе имаат можност практично да ги употребат овие вештини. Како дел од програмата сите училишта во Западен Балкан ќе добијат одреден број уреди Микро:бит (џебни компјутери), со што ќе им се помогне на младите да научат нови дигитални вештини и вештини за кодирање на забавен и интерактивен начин.