“Употреба на социјални медиуми, рационално, ефективно и безбедно”

 

Erasmus K229 ноември, 2019

(“Using Social Media Rationally, Efficiently and Safely”) под програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишни размени.

Од 8 до 14 декември 2018 година, во градот Ердемли во Турција се оствари првата Транснационална средба на претставници од нашето училиште со претставници од училишта од Полска, Турција, Хрватска и Португалија. Целта на оваа средба беше да се договорат следните активности и мобилности на наставници и ученици, во рамките на проектот. Претставници од нашето училиште беа Директорката и координатор на проектот Јулијана Тодоровска, психологот Татјана Алексова- Славковска и наставничката по англиски  јазик Оливија Жежова. 

Групата претставници од сите партнерски земји освен училиштето домаќин, посетија и неколку други училишта во околината на Ердемли… Во рамките на активностите беше реализирана и обука на темата.