На 27.2.2019 година (среда) се реализираа првите активности во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“. 

Нашето училиште беше домаќин и организатор на активностите. Во рамките на проектот остварено е партнерство со основното училиште „Раметула Амети“ од с. Чифлик, општина Желино. Задоволството од посетата и активностите кои беа реализирани беше видливо и кај учениците и кај наставниците од двете училишта.

Следните активности се предвидени во месец Март во партнерското училиште.