Проектот Еко пакет се реализира  од 2005 година во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Од учебната 2014/2015 година за првпат проектот Еко пакет почна да се реализира во Македонија, како проект за основните еко училишта со зелено знаме. Во учебната 2016/17 година учество земаа 39 училишта на ниво на зелено знаме.
Во проектот учествуваат учениците од шестто до деветто одделение, наставниците, вработените и родителите. Проектот е поделен на три дела: селекција и отстранување на Тетра Пак амбалажата, едукација и награден конкурс. 
Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, воспитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите. Со селектирање на употребената Тетра Пак амбалажа овозможуваме нејзина понатамошна  преработка, ја намалуваме количината на отпадот во депониите, го намалуваме загадувањето на животната средина и ги зачувуваме природните ресурси.
Секое училиште организира училишен конкурс за избор на три најдобри уметнички дела изработени од селектираната Тетра Пак амбалажа на дадената тема. На училишниот натпревар се покануваат родителите, вработените во училиштето, локалната заедница, медиумите и соработници. Училиштата се пријавуваат за учество на наградниот конкурс објавен од ОХО со избраните три најдобри уметнички. Овој дел од проектот има цел знаењето добиено во училиштето да се пренесе и да се подигне свеста за селектирањето на употребената Тетра Пак амбалажа од останатиот отпад и во домовите и во пошироката околина.

Податоците за Проектот се преземени од http://www.eko-paket.mk., каде може да се прочита повеќе за проектот.

Од оваа учебна година ООУ „Димитар Македонски“ се стекна со бронзен статус на Еко-училиште, со што добивме можност и ние како училиште да се вклучиме во активности за реализација на Проектот.