Соопштение за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2010/2011 година.

Во прво одделение се запишуваат деца родени во 2004 год. кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31. 01.2005 год., по пртходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.

Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1.Извод од матична книга на родените.

2.Потврда за примени задолжителни вакцини издадени од надлежна здравствена установа.

3.Досие за деца кои посетувале предшколска установа.

4.Задолжително присуство на ученикот и еден родител.

Уписот започнува од 03.05.2010 год и трае до 31.05.2010 год. во  просториите на училиштето.

Распоред за запишување на првачиња

Picture 009

Picture 010

Picture 011

За други информации може да се обратите кај стручната служба во училиштето или на телефон 2440-011