Обука на одделенските наставници во О.У. ,,Димитар Македонски ,,
На 3.11.2010 година (среда) во основното училиште ,,Димитар Македонски,, започна обуката на одделенските наставници кои наставата по математика ќе ја реализираат на начин кој ќе биде поинтерсен и позанимлив за учениците ,,Математика со размислување,,. Учениците логичките задачи ќе ги решаваат на поедноставен начин, со размислување за да стигнат до решенијата. Обуката ќе трае до средината на месец декември.
Стекнатите знаења наставниците ќе ги применат во наставата со учениците со своите одделенија.
Обуката се реализира во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, Бирото за развој на образованието.