Примена на ИКТ во Наставата по Биологија во ОУ “ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ”
Почетокот на учебнава година во училиштево ќе остане запамтен и по воведувањето на ИКТ во наставата по биологија. Имено, со вклучувањето на компјутерите во мрежа се започна и со современиот начин на учење. Иако кабинетот располага со богата нагледност наставата доби нови димензии откако се започна со работа на компјутери.
Наставата по биологија се изведува со користење на компјутерската техника и со употреба на дигиталните содржини што ни беа посочени на одржаните семинари.
Учениците со посебно внимание ја следат ваквата настава, активно се вклучени, навреме ги завршуваат задачите, покажуваат голем интерес, креативност и одговорност. Можноста да истражуваат и истото да го претставуваат со презентации и меѓусебно да го споделуваат на часовите допринесува за осовременување на наставата по биологија. Особено, голем предизвик беше и спроведувањето на првото тестирање на компјутер. Потполнувањето на тестовите, соопштувањето на резултатите во електронска форма, редовното водење на е-дневникот допринесе за правилно и навремено информирање за постигнувањата не само на учениците туку и на родителите.