Оперативна подготовка

Ден:Четврток О.У.Димитар Македонски-Скопје Дата:23.12.2010

Одделенски наставник:Зорана Цветковска-Бочварова

-Одделение:1 одделение од деветгодишно образование

-Предвидено време:2 училишни часа

-Содржина:Геометриски форми

-Математика:Изработка на цртежи од геометриски форми

-Математика:Работа на компјутери

Наставни средства:

-училишен прибор,компјутери,списанија,ToolKid,impress,интернет,CD,writer,

Наставни форми:

групна и индивидуална

Наставни методи:

-демонстративно излагање-презентации,бура на идеи,разговор,анализа,синтеза,илустрации

Цели на часот:

Да ја збогатуваат и прошируваат способноста за примена на компјутери во наставата,да уме-

ат правилно да го користат глувчето и тастатурата(покажување, кликнување, влечење) ,да ги воочуваат и именуваат геометриските форми(круг, квадрат, триаголник, правоаголник) и на предмети и играчки во форма на круг, квадрат, триаголник и правоаголник ,да ја збогатуваат вештината за правилно цртање,боење и дизајнирање(визуелна комуникација и дизајн),да ги запознаат подлогите и сликарските материјали,да се поттикнат да ракуваат со материјалите за сликање,да ги препознаваат и именуваат боите и нијансите,креативно да се изразуваат со боја,да се развие моториката на рацете.

Знаењата и вештините ќе бидат основа за совладување на проблемот кој тие ќе треба да го решат.

Очекувани исходи:

Ја збогатуваат и прошируваат способноста за примена на компјутери во наставата,умеат

правилно да го користат глувчето и тастатурата(покажуваат, кликнуваат, влечат), да знаат да ги воочуваат и именуваат геометриските форми(круг, квадрат, правоаголник, триаголник), ја збогатуваат вештината за правилно цртање,боење и дизајнирање(визуелна комуникација и дизајн),ги познаваат подлогите и сликарските материјали  ракуваат со материјалите за сликање, ги препознаваат и именуваат боите и нијансите,креативно  се изразуваат со боја,  развиена е моториката на рацете.

Место на реализирање на часот:

училница

Оценување на учениците:

-Учениците ќе бидат оценети врз основа на нивнитe изработки:правилна употреба на боја,   линија,форма

ТЕК НА АКТИВНОСТИ

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ:

-Наставникот поведува разговор за геометриските форми (круг, квадрат, правоаголник, триаголник) ги воочуваат и именуваат од непосредната околина

-Им презентира нa хамер презентација која содржи вовед,задачи,ресурси,процес и

заклучок

-Следува втора презентација со геометриски форми за да учениците на полесен и едноставен на-

чин ги воочат формите,боите,линиите со цел полесно да ја завршат предвидената задача

-Ги дели учениците во три групи и им ја објаснува задачата на секоја група


УЧЕНИЧКО ПОУЧУВАЧКИ АКТИВНОСТИ:

-Учениците започнуваат со работа поделени во три групи во програмот ToolKid

-Првата група работи во програмот за цртање ( слики) – изработуваат цртежи со геометриски форми, користејќи ги понудените алатки

-Втората група работи во програмот за цртање ( цртежи) – изработуваат по сопствена желба цртежи со геометриски форми и ги бојат

-Третата група работи во програмот за комбинирање ( сликар) – понудените цртежи кои се изработени од геометриски форми ги украсуваат и бојат

-По завршувањето на задачите,групите ротираат

-Додека учениците ја извршуваат својата задача,на CD се слушаат новогодишни песни

ЕВУЛАТИВНИ АКТИВНОСТИ:

-Изработките се зачувуват во своја папка

-Учениците ги презентираат изработките и истите ги анализираат

-Во завршниот дел следува изработка на цртеж во програми за цртање во (симетрија),цртаат геометриски форми со помош на понудените алатки

ЗАБЕЛЕШКИ/ОТСТАПУВАЊА:Кај учениците воопшто не отсуствуваше истражувачка ак-

тивност.Зададената активност иницираше:забележување,споредба,воопштување,заклу-

чување,систематизирање,анализа.Учениците беа активни за време на часовите и со интерес,внимание ги завршија поставените задачи и покажаа големи резултати.

ПРИЛОЗИ:продукти од учениците(зачувани изработки на компјутери)

Средина на учење и реализација

Напомена : Активноста може  да се реализира во текот на еден училишен ден во училиштата каде има целодневна настава или неколку часа  во паралелки со класична настава. При тоа реализацијата зависи од распореденоста на компјутерите во училницата. Доколку има едно катче со компјутери, тогаш учениците работат во групи наизменично.Доколку секој ученик има свој компјутер работи индивидуално и активноста може да се реализира за два часа.